Палачинките се еден од најчестите десерти, брзо се подготвуваат, и смесата многу едноставно се прави. Сепак на многумина ќе им се случи палачинките да испаднат жилави, но со еден трик тоа повеќе нема да ви се случи.Во рецептот според кој повеќето ја прават смесата за палачинки пишува дека јајцата се ставаат цели во смесата, но доколку ги раздвоите белките и жолтките ќе добиете меки палачинки.
Постапка:
Направете смеса за палачинки како и обично, само мала измена така што белките ќе ги одвоите од жолтките кои ќе ги ставите во смесата, а белките ќе ги ставите настрана.
Откако ќе ја измешате смесата, настрана од белките направете помек снег и додадете го во смесата. Снегот ќе им даде пенеста структура на палачиките. Дури и откако ќе се оладат и ќе одстојат, вака подготвени палачинките нема да ја изгубат мекоста, односно нема да станат жилави.Во рецептот според кој повеќето ја прават смесата за палачинки пишува дека јајцата се ставаат цели во сме