Со овој здрав напиток – ќе блескате од здравје!

Освежителен и вкусен, богат со добри бактерии кои неверојатно позитивно влијаат на нашиот организам… па затоа не заборавајте секојдневно да го консумирате.Јогуртот изобилува со калциум и добри бактерии, кои ја подобруваат секојдневната исхрана, ги зајакнуваат коските, но и ги елиминираат стресот и депресијата. Освен тоа, овој млечен производ влијае и на имунитетот, здравјето на срцето и забите.
Редовното консумирање на јогурт го намалува ризикот од висок крвен притисок, потврдило истражувањето извршено на 2.000 луѓе. Научниците тврдат дека само 170 грама јогурт дневно го намалува ризикот од зголемен крвен притисок за 31 отсто.

Густиот јогурт има многу протеини и јаглехидрати поради што се препорачува да се јаде по вежбање. Протеините овозможуваат брзо заздравување и влијаат врз мускулите, додека јаглехидратите го стабилизираат нивото на инсулин во организмот.
Јогуртот е одличен избор за здравјето на забите, бидејќи го намалува кариесот и го ублажува непријатниот здив.
Пробиотиците го зајакнуваат имунитетот и спречуваат настинкa.
Голем број истражувања потврдиле дека 300 грама јогурт дневно го намалува ризикот од настинка за 25 отсто.Јогуртот изобилува со калциум и добри бактерии, кои ја подобруваат секојдневната исхрана, ги зајакнуваат коските, но и

Пронајдете не на следниве мрежи: