Со проектот 30/35 годинава на факултет се запишаа 256 лица, а за 6 години повеќе од 1.800

Веќе шеста година по ред Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука преку проектот 30/35 го доближуваат високото образование до македонските граѓани кои во минатото поради било каква причина не успеале да се стекнат со факултетска диплома.Со проектот 30/35 им се овозможува на сите заинтересирани граѓани на возраст од минимум 30 години за жени и 35 години за мажи, со претходно завршено 4 годишно средно образование и заснован работен однос на неопределено време, или пак невработени лица кои се пријавуваат во Агенцијата за вработување најмалку 5 години, им се овозможува да се запишат на студиска програма во прв циклус на студии, со годишно кофинансирање на студиите од 200 евра во денарска противвредност.
-На мое лично задоволство , би сакал да информирам дека на годинешниот конкурс , односно конкурсот наменет за академската 2015/2016 година, кој понуди вкупно 44 студиски програми на 16 факултети во состав на државните универзитети, се пријавија и запишаа на прв циклус студии, вкупно 256 македонски граѓани кои ги исполнија потребните услови, појасни денеска заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.
Заклучно со оваа бројка, во изминативе 6 години, колку што се спроведува проектот мерката ја искористиле повеќе од 1.800 лица.
-Ме радува што годинава имаме случај каде родителот и неговото дете во исто време се запишуваат на високо образованите установи. Родителот преку овој проект, а детето преку редовниот конкурс за упис во јавните високо образовни институции, рече Ристовски.
Оваа година, интересот бил насочен за сите струки, но особено кон студиските програми во рамки на техничките, природно-математичките и медицинските науки.
Ристовски упати честитки кон сите оние кои одлучиле годинава да започнат надградба на своето високо образование.
-На овој начин, од една страна ќе си помогнат на самите себе си, без разлика дали во делот за што поскоро вработување, или пак ако се веќе вработени да бидат унапредени на повисока  работна позиција, или од друга страна дефакто ќе помогнат и во севкупните напори за општествено-економски просперитет на државата, заклучи Ристовски.Со проектот 30/35 им се овозможува на сите заинтересирани граѓани на возраст од минимум 30 години за жени и 35 години за мажи, со претходно завршен

Пронајдете не на следниве мрежи: