Денес во ЕУ Инфо центарот во Скопје се одбележа ЕУ Недела за помалку отпад, која трае од 22 до 30 Ноември и претставува главен настан во Европа за подигнување свест и едукација на темата управување со отпад. Целта е да се подигне свеста за придобивките од селектирањето и рециклирањето отпад, решавање на моменталните проблеми со општинските депонии и неорганизираното фрлање отпад.Во организација на еколошката невладина организација Гоу Грин, со поддршка на Цементарница Усје АД Скопје и Француската амбасада, се презентираше програмата за Недела за помалку отпад во Македонија и се потенцираше потребата од развивање на стратегија за циркуларна економија.
Со усвојување на целите од документот за циркуларна економија ќе се овозможи отворање на над 580.000 нови работни места во Европската унија. До 2030 година, ЕУ планира рециклирање на 70% од комуналниот отпад и 80% од отпадот од пакување.
„Имајќи предвид дека отпадот во Македонија е сериозен еколошки проблем, пристапот што го предвидува документот за циркуларна економија на ЕУ дава одлично решение за решавање на овој еколошки проблем и нуди огромни можности за македонската економија. Компаниите добиваат нов алтернативен начин да обезбедат ресурси и енергија по пониски цени и со тоа да ја зголемат нивната конкурентност, а воедно и се намалува побарувачката за скапи и ограничени ресурси. Токму затоа ние преку нашите активности сакаме да ја зголемиме свесноста за концептот на циркуларна економија и потенцијалот на отпадот кој нуди решение за еден голем еколошки проблем кај нас“, истакна Антонио Јовановски од невладината организација Гоу Грин.
Република Македонија има проблем со нестандардизираните општински депонии каде завршува околу 70% од отпадот (490,000 тони годишно), а останатите 30% завршуваат на непознати локации, најчесто долови, реки и покрај патишта. (извор: Национален план за управување со отпад на РМ 2009-2015).
„Во Република Македонија моментално се собира околу 30.000 тони амбалажен отпад, а тоа претставува 35% од количеството што би требало да се собира во 2020 година. Според постоечката легислатива, Република Македонија има за цел да рециклира 60% од отпадот од пакување до 2020 година“ изјави Ана Мазневска Каранфиловска од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Цементарница Усје АД Скопје во континуитет подржува активности чија цел е подобрување на животната средина и имплементирање на трајни напредни решенија.
„Во Цементарница УСЈЕ спроведуваме активности и практики кои што се во целосна согласност со заштита на животната средина и придонесуваат за унапредување на заедницата и квалитетот. Технолошкиот процес во УСЈЕ не генерира отпад, а повеќе од 70% од отпадот од одржуивање на опремата и секојдневните активности на вработените се селектираат со што се овозможува рециклирање и повторна употреба на повќе од дваесет различни фракции на отпад. Групацијата Титан чија членка е и УСЈЕ, во своите фабрики во земји членки на ЕУ има позитивни искуства во користењето на селектирани, неопасни фракции на отпад како алтернативно гориво и ние сме спремни да ги споделиме овие позитивни практики за да придонесеме кон напредок на оваа област во Македонија“, изјави Наташа Бакреска Кормушоска, менаџер за животна средина во УСЈЕ.
Оваа недела во Европа се организираат над 10.000 настани по овој повод, а Македонија за прв пат се приклучува на оваа иницијатива.
Настаните и активностите кои ќе се реализираат во Македонија, се следните:
• 25 Ноември, 11:00 – 13:00, ЕУ Инфо центар, презентација на резултатите од проектот за отпадни батерии – Гоу Клин
• 20-28 Ноември, едукативни работилници за циркуларна економија и делење садливи картички во општина Кисела Вода
• 18-23 Ноември, Фејсбук фотографски натпревар на тема „Отпад – проблем или можност“
• 28 Ноември, изложба и доделување награди на победниците од Фејсбук фото натпреваротВо организација на еколошката невладина организација Гоу Грин, со поддршка на Цементарница Усје АД Скопје и Француската амбасада, се презентираше п