Со сода бикарбона до природна убавина

Ја имате во кујната, а незнаете за што се може да ви послужи, откако ќе прочитате ќе сфатите дека и не е баш за занемарување.
1.Скроб за тело Направете паста од три дела сода бикарбона, еден дел вода и еден дел мелен овес. Оваа паста нанесете ја на кожата со кружни движења за да ги отстраните мртвите клетки. Откако ќе завршите со пилингот измијте се со топла вода и нанесете лосион за тело.2.Подготовка за маникирЗемете малку сода и измешајте ја со малку вода. Потоа со парче ткаенина убаво истријте го делот околу ноктите, па измијте се. Откако сте го направиле ова можете да започнете со лакирање.
3.За омекнување на тврдата кожаТврдата кожа на рацете и на стапалата можете да ја омекнете така што во длабок сад со топла вода ќе ставите две лажици сода бикарбона и неколку капки масло од лаванда. Откако добро ќе ги накиснете проблематичните делови во оваа вода, нанесете пилинг направен од три дела сода бикарбона, еден дел вода и еден дел кафеав шеќер. Измијте се и намачкајте се со крема. 4.За чистење на косата За да ја исчистите косата и темето од остатоци од шампони и регенератори при миење на косата омилениот шампон измешајте го со неколку лажици сода бикарбона. Убаво тријте ја главата, а потоа со млака вода измијте ја косата. 5. Како дезодорансИзмешајте 4 лажици сода со 10 капки од вашето омилено есенцијално масло и со помош на четкичка нанесете под пазувите.
 
6. Релаксирачка купка Доколку сакате да се опуштите по долгиот и напорен ден во топлата вода со која што сте ја наполниле кадата ставете половина шолја сода бикарбона. Таа ќе ви ја омекне  и смири иритираната кожа. 7. За обелување на забите За брзо обелување на забите на својата четка ставете малку сода и убаво истријте го забите. Потоа исчистете ги добро со паста за заби.
8.Третман против акни Мозолчињата и сличните нерамнини на кожата можете да ги исушите со густа паста од бикарбона и неколку капки вода. Сепак, доколку кожата ви е премногу воспалена не го користете овој рецепт. 9. За миење на лицето За сите оние кои сакаат убаво и нежно лице, се препорачува да направат рецепт од една лажица мед и 1 лажица сода бикарбона. Потоа со оваа смеса нека го измасираат нежно лицето. По една минута лицето треба да се измие со топла вода. 10. Имате мачнина во стомакот?
Последниот совет од листата не се однесува стриктно на вашата убавина туку повеќе на добросостојбата на вашиот организам. Секогаш кога чувствувате киселини во стомакот, ви се ждрига или пак имате гасови, решете го проблемот со сода. Во чаша вода измешајте една лажица сода и потоа испијте ја оваа течност.
 Ја имате во кујната, а незнаете за што се може да ви послужи, откако ќе прочитате ќе сфатите дека и не е баш за занемарување.

Пронајдете не на следниве мрежи: