Со стап крвнички ги претепал децата па ги заклучил во подрум

Вистински хорор за две малолетни дечиња во Гевгелија, бил вчера пријавен во полиција. Во 01 часот по полноќ на улицата „Сава Михајлов“ по претходна пријава од граѓанин, од страна на униформирани полициски службеници  приведен е 42-годишниот Д.И. кој ги претепал своите две малолетни деца и им нанелвидливи повреди.
Имено, полицијата информира дека насилникот со стап ги нападнал најпрвин во станот, а потоа и во подрумските простории, каде ги заклучил со катанец. 
Од страна на униформирани полициски службеници извршено е алкотестирање над Д.И., при што е констатирано присуство на алкохол од 1,77 промили и истиот е задржан во Полициската станица во Гевгелија, а децата се згрижени од страна на социјални работници од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на град Гевгелија.
Полициската станица Гевгелија презема мерки за целосно расчистување на случајот.Во 01 часот по полноќ на улицата „Сава Михајлов“ по претходна пријава од граѓанин, од страна на униформирани полициски службеници 

Пронајдете не на следниве мрежи: