Со турнир во баскет помеѓу екипи од средните училишта од Прилеп, кој се одржа во средното општинско училиште „Ѓорче Петров“, денеска во овој град беше одбележан Светскиот ден за борба против сидата 1-ви декември. Организатор на манифестацијата е Младинската организација на СОУ „Ѓорче Петров“.„Ние како Младинска организација дојдовме до идеја за прв пат да го организираме овој турнир во баскет денеска на 1-ви декември со цел да се подигне свеста кај младите за ХИВ вирусот и за опасностите кои произлегуваат од оваа болест“, рече Виктор Николоски, член на Младинската организација на СОУ „Ѓорче Петров“.
На овој турнир учествуваа околу 90 учесници од сите средни училишта од Прилеп. Имаше 17 екипи во машка и 5 екипи во женска конкуренција. Како награда за победниците се доделуваа пехари кој што ги обезбеди Советот на млади при општина Прилеп.
„Младите се запознати околу ХИВ вирусот, но доколку сакаат да научат уште повеќе за оваа болест можат да отидат во Центарот за Јавно Здравје од Прилеп каде се одржуваат посебни предавања за СИДА-та и како може да се заштитиме од неа. Во оваа здравствена институција се врши и тестирање за ХИВ вирусот. Исто така и во нашето медицинско училиште „Ѓорче Петров“ се одржуваат предавања за СИДА. Такви предавања имавме на часовите по хигиена, но и на класните часови каде класните раководители изведуваа работилници со цел да не запознаат со последиците од оваа болест“, кажа Андреј Ристески, советник на младинска организација СОУ „Ѓорче Петров“.
Од Младинската организација на СОУ „Ѓорче Петров“ се надеваат дека овој турнир во иднина ќе стане и традиционален.
Инаку Светскиот ден за борба против СИДА е осмислен и прифатен од 140 земји во светот на Светскиот Самит во Лондон 1988 година. Тогаш Светската здравствена организација ја согледа потребата за постоење на еден ваков ден и го прогласи 1-ви декември за Светски ден за борба против СИДА. Оттогаш, па се до денес овој ден се одбележува во скоро сите држави во светот.
Според некои проценки моментално во светот има околу 38 милиони луѓе кои живеат со ХИВ/СИДА. Се претпоставува дека секој ден околу 6.300 луѓе се инфицираат со ХИВ, а секој час околу 262 лица.
Инфекцијата со ХИВ води кон СИДА. Ако некое лице е ХИВ позитивно, тоа значи дека крвниот тест покажува дека вирусот е присутен во организмот. Се додека вирусот не го нападне имуниот систем (понекогаш по многу години), тоа лице нема СИДА.
„Ние како Младинска организација дојдовме до идеја за прв пат да го организираме овој турнир во баскет денеска на 1-ви декември со