Со витамин В3 против глауком!

Со  додавање на витамин В3 во вода може да се подобри здравјето и да се спречи појава на глауком, велат  научниците.

Во  тестовите кои спроведувани на глувци, научниците утврдиле дека очите на животните биле  поздрави  на подолг период  и намалена е можноста за развивање на глауком.
Експертите велат дека ова откритие би можело  да обезбеди  поевтин и  побезбеден третман  за постари  луѓе, наместо  да се потпираат  на капки  за очи.
Истражувачите  од Лабораторијата Џексон во  Бар  Харбор, Америка додавале витамин во водата за глувците кои се генетски предодредени за глауком. Резултатите покажале дека нивните очи биле поздрави и обезбедена е голема заштита од глауком.

Во  целиот свет, од глауком боледуваат  околу 80 милиони луѓе. Болеста се јавила поради раст  на очниот притисок кој  го оштетува оптичкиот нерв.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.