Со засадување на над 20.000 садници беше одбележан Денот на дрвото – засади ја својата иднина во општина Берово.Преку оваа акција која е 16та ваква акција во Република Македонија се изврши обновување и зголемување на шумскиот фонд кој е еден од препознатливите елементи на Малешевијата на површина од околу 10 хектари.
Есенската акција за пошумување се изведе на неколку локации кои што се одредени од подрачната единица на ЈП„Македонски шуми“ и тоа, учениците од седмо, осмо и деветто одделени од ООУ “Дедо Иљо Малешевски“ Берово пошумуваа на месноста “Јуовец“ над Берово, средношколците од ОСУ „Ацо Русковски“ од Берово пошумуваат на месноста “Криви бор“ над туристичката населба Абланица, учениците од ООУ “Никола Петров Русински“ од Русиново во атарот на Русиново, додека вработените во институциите и граѓаните акцијата ја спроведоа на месноста “Тонтев рид“ во близина на туристичката населба Беровско езеро.
Обнова на дрворедите се изврши и во Берово каде беа засадени околу 60 украсни дрвца за дрвореди и паркови.
Според статистиките со кои располага Шумското стопанство од Берово, во досегашните 15 акции успешноста на истите е околу 90 проценти од засадените дрвца, додека оваа година беа засадени чемпрес, црн бор, јасен, јавор и багрем во зависност од терените и погодностите за различните дрвни култури.Преку оваа акција која е 16та ваква акција во Република Македонија се изврши обновување и зголемување на шумскиот ф