четврток, 12 ноември 2026
Најново

Собранието денес ќе ја продолжи конститутивната седница

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи конститутивната седница на која ќе се избира претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
 На дневен ред на седницата е и изборот на претседател на Собранието на Република Македонија.
Парламентарните партии по тридневните состаноци во Собранието, во четвртокот постигнаа договор претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата да биде од ВМРО-ДПМНЕ. Според партиски извори, тоа најверојатно ќе биде Илија Димовски.
Според претходно договореното од политичките партии, ВМРО-ДПМНЕ ќе има шест члена во Комисијата за прашања на изборите и именувањата, СДСМ пет, а ДУИ и Беса по еден чен.
Утврдувањето на предлогот за состав на Комисијата  за прашања на изборите и именувањата е предуслов за продолжение на конститутивната собраниска седница која почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината, бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Законодавниот дом.На дневен ред на седницата е и изборот на претседател на Собранието на Република Македонија.
Парламентарните партии по тридневните состаноц

Поврзани вести