Собранието ќе гласа за ребалансот на Буџетот за 2016

Пратениците денеска во рамки на 111.седница треба да гласаат за ребалансот на Буџетот за 2016 година. Општата расправа по предлогот заврши во средата доцна вечерта.За Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година ќе гласаат пратениците од владејачкото мнозинство. Против во расправата се изјаснија СДСМ и другите опозициски пратеници кои предложија ребалансот на Буџетот да биде повлечен од дневниот ред зашто во него е содржана и еврообврзницата која, според пратениците, е незаконски издадена.
Ребалансот на Буџетот предвидува намалување на вкупните приходи од 177,292 милиони денари на 174,291 милион и на вкупните расходи од 196,276 на 195,472 милиони.
Дефицитот е ревидиран од 18,984 на 21,181 милион денари.
На дневен ред на 111. седница се и Предлог законот за изменување на Законот за државниот испитен центар, по скратена постапка, како и Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2015 година.
Пред пратениците се и неколку предлог-одлуки за избор на член на Советот на јавните обвинители на РМ, за именување член на Комисијата на Агенцијата за пошти, како и за избор на член на Судскиот совет на РМ.
На денешната седница се и неколку ратификации на спогодби на Владата на Република Македонија со владите на Виетнам, Италија и Србија.
Пратениците ќе расправаат и по измените и дополнувањата на Законот за здравственото осигурување, на Законот за градежно земјиште, на Законот за административни службеници и на Законот за спортска академија, сите по скратена постапка.За Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година ќе гласаат пратениците од владејачкото мнозинс

Пронајдете не на следниве мрежи: