четврток, 12 ноември 2026
Најново

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 91. седница

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 91-та седница и предвидени се повеќе активности.На дневен ред се предлог законите за изменување и дополнување на законите за упатување работници од Македонија во други држави за изведување градежни работи преку проектни  договори и за вршење други сезонски работи, за мирно решавање работни спорови, за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, за употреба на знаковниот јазик, за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување, сите во второ читање.
Пратениците треба да расправаат и за предлог законите за изменување и дополнување на законите за безбедност и здравје при работа, за работните односи, за пензиското и инвалидското осигурување, за инвалидски организации, за социјалната заштита, за заштита на децата, за агенциите за привремени вработувања, во второ читање.
Меѓу точките од дневниот ред се и  Дополнетиот предлог на закон за слободните здравствени зони, во второ читање, предлог законите за дополнување на законите за  градење и за градежно земјиште, како и измени на закони од областа на здравството, финансиите, сообраќајот.На дневен ред се предлог законите за изменување и дополнување на законите за упатување работници од Македонија во други држави за изведување градеж

Поврзани вести