Собранието на Република Македонија попладнето ја продолжи расправата по Информацијата за општите состојби во образованието и ефектите од екстерното тестирања во основното и средното образование, поднесена од опозицијата.Во текот на расправата пратенците од опозицијата оценија дека образованието е во лоша состојба за што ја обвинија власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, концептот за екстерно тестирање е целосно промашен поради што треба да се укине.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека една од главните заложби на власта е унапредување на воспитно-образовниот процес, а буџетската стапка за образованието континуирано расте. Тие истакнаа дека концептот на екстерно образование се применува во многу европски држави.
Јулијана Силјановска од СДСМ посочи дека резултатите од екстерното образование се невалидни оценки, оштетени ученици и последици по платата и кариерниот развој на наставниците.
Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека од 2006 досега најниската плата е зголемена за 119 проценти и направени се над осум илјади трансформации на работниот однос од определено на неопределено време на наставниците.
Расправата по оваа точка од дневниот ред на 92-та собраниска седница продолжува утре во 12 часот.Во текот на расправата пратенците од опозицијата оценија дека образованието е во лоша состојба за што ја обвинија власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ.