Американските и британските разузнавачки служби планираат да ги користат социјалните мрежи за сирење дезинформации и пропаганди, како и да поттикнуваат протести во јавноста – тврди извештајот на Сноуден.
Според Глен Гринвалд, западните агенции гледаат прилика во манипулацијата на јавното мислење и ширење на државната пропаганда на глобалните интернет гиганти, како што се Flickr, Youtube, Facebook и Twitter.
„Тие идеи – расправи како да се експлоатира интернетот, посебно социјалните медиуми, непрекинато се појавуваат во архивите на тајната служба NSA“, откри Гринвалд.
Иако е познато дека британскиот аналитичар во 2012 година ги упатил NSA како да спроведе надзор на социјалните мрежи, но и како да приберат IP адреси од милијарда корисници, новото известување открива дека британската тајна служба GCHQ веќе неколку пати во минатото подметнала одредени вести во јавните домени.
На годишниот собир „SIGDEV“, кој беше одржан во 2010 година, петте држави сојузнички во надзорот на интернетот во кои спаѓаат: Велика Британија, Канада, Нов Зеланд, Австралија и САД, дискутираа како да развијат методи за дискредитирање на странските влади по пат на пропаганда, измами, масовни пораки и подметнување лажни приказни на социјалните мрежи – открива Гринвалд.
Според Глен Гринвалд, западните агенции гледаат прилика во манипулацијата на јавното мислење и ширење на државната пропаганда на глобалните интерне