Сочно пилешко во сос од рендан компир

Овој рецепт претставува одлична идеја за брз и едноставен ручек кој на сите ќе им се допадне.Потребни состојки:
1kg пилешко месо по желба
100g лук
700g компири
3 јајца
200ml млеко
250g брашно
200g павлака
10ml масло
Вегета, бибер и црвен пипер по желба
Подготовка:
Пилешкото зачинете го со вегета и црвен пипер по желба и кратко испржете го на масло од двете страни.
Компирот изрендајте го и на него додадете ги јајцата, млекото, павлаката, брашното, ситно исечканиот лук, маслото и добро измешајте ги сите состојки. Зачинете ги со вегета, бибер и додадете уште малку од црвениот пипер.

Во голем сад ставете ја смесата и на неа наредете ги парчињата пилешко.
Состојките ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени, 35 – 40 минути.
Послужете додека е топло.
 Потребни состојки:
1kg пилешко месо по желба
100g лук
700g компири
3 јајца
200ml млеко
250g брашно

Пронајдете не на следниве мрежи: