среда, 11 ноември 2026
Најново

Сојузот на здруженија на пензионери го поздрави поништувањето на ветото од страна на ДИК

Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија ја поздрави одлуката на Државната изборна комисија за тргање на ветото од страна на ДИК кое го стави дополнителниот заменик министер за финансии на аукцијата на државни записи, чие неодржување ќе придонесеше за неликвидност и одлагање на исплатата не пензиите. 
Претседателот на Сојузот на пензионери на РМ, Драги Аргировски е задоволен што, како што вели, победиле фактите и аргументите и што пензионерите ќе можат повторно и овој месец навреме да си ја добијат својата пензија која во овие 9 години редовно се исплаќа на почетокот од месецот.
– Ова прашање засега еден милион граѓани, бидејќи секој пензионер помага во издржувањето на барем уште двајца членови од своето семејство, вели Аргировски.
Државната изборна комисија синоќа објави дека ветото на дополнителниот заменик министер не е издржано и дека аукцијата била претходно планирана и изгласана во Буџетот за 2015 година.   
Откако Државната изборна комисија одлучи да го тргне ветото вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески најави дека пензиите ќе се исплатат во петок и дека ќе се продолжи со нивната редовна исплата и во иднина.     
– Пензионерите можат да бидат мирни и спокојни како и досега. Девет години, како што исплаќавме редовно пензии ќе продолжиме и понатаму, и сега овој петок пензионерите ќе си ја добијат заслужената пензија, истакна Ставрески. 
Претседателот на Сојузот на пензионери на РМ, Драги Аргировски е задоволен што, како што вели, победиле фактите и аргументите и што

Пронајдете не на следниве мрежи: