Двајца руски експерти излегоа во јавноста со тврдење дека нападот на редакцијата „Шарли ебдо“ во Париз е исцениран. Членот на претседателството на Здружението на руските офицери и ветеран на специјалната единица „Алфа“, Игор Шевчук, во интервју за телевизијата „Лајф њуз“ изјави дека снимката со убиството на полицаецот во Париз е наместена.-Во целата приказна постојат многу недоследности. Се наметнуваат прашања дали воопшто имаше напад, односно дали е тоа дело на специјалните служби. Постои снимка на која маскиран човек наводно убива полицаец, но таа снимка не изгледа реално. Нема барутни гасови од пушките – вели Шевчук.
Поранешниот член на „Алфа“ изразува чудење и за тоа што францускиот претседател Франсоа Оланд наводно го посетил местото на злосторството веднаш по пукотниците.
– Терористите се во бегство, само што е извршен масакр, во градот е вонредна состојба, а тие го водат претседателот во таа редакција. Ниту една сериозна безбедноста служба не би дозволила такво нешто бидејќи тоа е директно загрозување на животот на претседателот – вели Шевчук.
Рускиот аналитичар Андреј Максимов тврди дека зад инцидентот во Париз не стојат терористи. Тој рече дека случувањата во Париз ги задоволуваат интересите на САД и дека сето тоа е испланирано од страна на американските разузнавачки агенции.
Интересно е дека на интернет се појавија разни теории на заговор и анализи околу самиот напад. Теориите одат дотаму што нападот е изрежиран за да се заштитат карикатуристите бидејќи им се заканувала вистинска опасност, и зад сето тоа стои ЦИА и нејзината кампања против терористите од Исламската држава. -Во целата приказна постојат многу недоследности. Се наметнуваат прашања дали воопшто имаше напад, односно дали е тоа дело на специјалните служби.