Шокантниот резултат на британските избори може да доведе до пресврт на годината

Претставници во Брисел и други главни градови од земјите на Европската Унија ги чекаат резултатите од парламентарните избори во Велика Британија со повеќе од вообичаениот интерес. Тие би можеле да имаат влијание на веќе тешките преговори за Брегзит, предвидени за неполни 10 дена.Првата формална рунда преговори за Брегзит, кој ќе биде во врска со член 50, треба да биде почната на 19 или 20 јуни, а според западните медиуми, тогаш би требало да почнат караниците во „разводот“ кој се доживува со големи очекувања од двете страни.
Европските дипломати во Лондон и Брисел за Гардијан изјавиле пред изборите дека исходот од нив може да биде отежувачка околност доколку Тереза Меј биде ослабена доколку освои помало мнозинство од очекуваното, или што е уште подраматично, ако мора да се соочи со поделени односи на силите во парламентот, што и се случи.
Конзервативната партија на Меј и натаму останува со најмногу пратеници во Долниот дом на Парламентот, но ќе го загуби досегашното мнозиство, покажуваат резултатите од вчерашните предвремени парламентарни избори во Велика Британија, врз основа на анкетите направени според излезноста на гласачите.
Тоа не се конечни резултати, но заедничкото истражување на агенциите НОП-ИПСОС и МОРИ, направено за трите главни телевизиски станици – Би-Би-Си, Скај и Ај-Ти-Ви, покажуваат дека конзервативците би освоиле 314 пратенички места, или 17 помалку од досега, додека Лабуристичката партија на Џереми Корбин, би имала 266 пратеници, што е за 34 пратеници повеке отколку на претходните избори во мај 2015 година.
За апсолутна победа, што овозможува самостојно формирање на новата британска Влада,  потребни се најмалку 326 пратеници, во Парламентот со 650 пратенички места.
Според оваа анализа, Шкотската национална партија (СНП) на Никола Старџен би останала најголема партија во Шкотска, со освоени 34 пратенички места, но би претрпела сериозен удар, во споредба со претходните избори кога оваа партија која заговара независност и напуштање на Обединетото кралство освои 56 од вкупно 59 пратенички места што ги даваат шкотските изборни единици, во британскиот Парламент.
Францускиот премиер и германскиот министер за надворешни работи велат денеска по изборните резултатиизјавија дека Брегзит е неспорен.
Фрацускиот премиер Едуард Филип изјави денеска дека резултатите од изборите во Велика Британија претставуваат изненадување, но тие не ја менуваат одлуката на Лондон да ја нaпушти Европската унија.
– Британците се изјаснија, гласаа и им дадоа на конзервативците мнозинство, иако просто мнозинство, што е изненадувачки, рече Филип за радио Европа 1.
Тој меѓутоа додаде дека не треба овие резултати да се сфатат со тоа што под знак прашање ќе се доведува Брегзит, за што, како што рече,. британскиот народ јасно се изјаснил.
– Нема време за губење во преговорите за излегување на Британија од Европската унија, изјави денеска заменик-министерот за надворешни работи на Германија, Михаел Рот, откако британската премиерка Тереза Меј го загуби аполутното мнозинство на изборите.
– Треба да почнеме преговори што е можно поскоро, бидејќи времето поминува, рече Рот за германската телевизија ЗДФ.
– Без разлика на тоа кој ќе формира влада во Британија, времето поминува…имаме помалку од две години за преговори за излегување, така што не треба да губиме време сега, додаде тој.
 Првата формална рунда преговори за Брегзит, кој ќе биде во врска со член 50, треба да биде почната на 19 или 20 јуни, а според западните медиуми, т

Пронајдете не на следниве мрежи: