Шокантни вести се проширија во Англија откако неколку научници објавија дека повеќе од 90 отсто од луѓето во Англија, а и пошироко несвесно се хранат со коњско месо. Според истражувањата кои ги направиле научниците, поголемиот дел од месото кое се земало за истражување, содржело повеќе од 50 отсто коњско месо.
„Меленото месо содржи неверојатни штетни материи за организмот на човекот. Досега истражувањата покажаа дека ова месо дефинитивно треба да се забрани, бидејќи луѓето користат дури и коњско месо се со цел да го продадат на луѓето, кои несвесно се хранат со нешто што дури и може да ги убие“, вели еден од научниците.
Оваа вест била откриена уште во почетокот на оваа година, но се чувала во тајност за да не се крене паника меѓу населението. Покрај Англија, откриени се и други места на кои се користи коњско месо во меленото месо и се продава на луѓето.
„Сепак ситуацијата е алармантна и луѓето треба да бидат известени и да знаат што внесуваат во себе“, додава научникот. Според истражувањата кои ги направиле научниците, поголемиот дел од месото кое се земало за истражување, содржело повеќе од 50 отсто коњско месо.&n



