ШОКАНТНО: Интервју на Легија од затвор – Зборува за сè!

Една од легендите на југословенските војни, политичкиот преврат во Србија во октомври 2000­та, по што дојде до падот и апсењето на Слободан Милошевиќ, и воспоставување на нова влада на чело со демократот Зоран Ѓинѓиќ кој беше убиен при атентат на 12 март 2003. Во сите тие настани, како и подоцнежните судења за обидот за државен удар против Ѓинѓиќ, поврзаноста на политиката со подземејето преку Земунскиот клан, соучесништво во убиството на Зоран Ѓинѓиќ, местото на Милорад Улемек Легија, командант на антитерористичката единица Црвени беретки, дел од специјалните полициски сили на Србија (ЈСО) има големо значење.Милорад Улемек Легија (48) е од оние профили на луѓе на кои оружјето, пресметките, војувањето и силата им се вродени, дел од карактерот, а не само личен избор.
 
Како и Аркан, и тој е офицерски син. Уште на осумнаесет годишна возраст стапил во француската легија на странците, свирепа и моќна воена организација за убиства и пресметки во северна Африка која е посебен, автономен дел од француската армија.
По започнувањето на југословенските војни заедно со Жељко Ражнатовиќ Аркан учествува во српските паравоени сили, Добровољачка гарда и Тигри кои операираат низ Хрватска, Босна и Косово.
Важи за човек од доверба на раководното воено­полициско трио на Србија од тоа време: Слободан Милошевиќ, Френки Стаматовиќ и Јовица Станишиќ.
Во државниот преврат во Србија, во октомври 2000­та година игра клучна улога во падот на Милошевиќ. Се договара со демонстрантите и нивниот лидер Зоран Ѓинѓиќ специјалните полициски сили, антитерористичката единица Црвени беретки кои тој ги предводи, да не го бранат Милошевиќ и остават демонстрантите без отпор да го преземат Собарнието и владата.
Воспоставува тесни врски и односи со идната власт на Зоран Ѓинѓиќ (Демократска партија) и привилегирана положба за себе, Црвените беретки како и за припадниците на подземјето од водечкиот Земунски клан. Тоа трае со до убиството на Зоран Ѓинѓиќ, премиер на Србија кој е застрелан на 12 март 2003 година.
Веднаш потоа полицијата ги апси шефовите на Земунскиот клан, а главните лидери се ликвидирани без судење.
На судењето како извршител на атентатот е осуден Звездан Јовановиќ, припадник на единицата Црвени беретки. Во организаторите е виден и Милорад Улемек Легија, кој се предал сам на повик на српската полиција, и по три години судење во 2007 е осуден е на 40 години затвор.
 
Патем, Легија две години претходно е осуден на 15 години затвор поради учество во политичките убиства на припадници на партијата Српско движење за обнова. За сите овие процеси на Милорад Улемек Легија изречени му се казни од вкупно 137 години.
Убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ е контраверзно. Дури и шефот на неговото обезбедување Милан Веруовиќ не верува во званичната судска верзија, туку со години тврди дека убиството е дел на организирана група која испукала три куршуми врз Ѓинѓиќ, а не на поединец кој стрелал два пати, како што тврди судот.
Контраверзи по многу што слични на атентатот врз американскиот претседател Џон Ф. Кенеди, во 1963 година.
До денес не е расчистена улогата на првиот соработник на Ѓинѓиќ ­ Чеда Јовановиќ, организатор на демонстрациите против Милошевиќ преку движењето Отпор заедно со неколкумина кои потоа го формираат Канвас, фабриката за демонстрации и државни преврати која деновиве оперира и во Македонија. Јовановиќ имал блиски релации и бизнис врски со Земунскиот клан а преку нив и со Црвените беретки, и кој според судските акти имал и сознанија за нивните делувања.
 
За прв пат, од затвор, Милорад Улемек Легија говори за овие настани во интервју од 400 прашања за Глас јавности и Курир. ­
Звездан Јовановиќ не го уби Зоран Ѓинќиќ, тврди Легија, тоа го извршил странец кој со дипломатско возило избегал од Белград веднаш по убиството, напуштајќи ја Србија со приватен авион без ознаки, и без процедура за полетување, вели Легија, што можат да го потврдат и неколку аеродромски службеници кои работеле во тоа време, од кои никој не бара изјава, вели тој.
Легија смета дека целата судска постапка по атентатот се водела субјективно за да се сокријат политичките мотиви за атентатот, но и заради криење на кримогената содржина на владеењето на Ѓинѓиќ, а особено на неговите први соработници.
Дека сите материјални докази, како и изјавите на обезбедувањето на Зоран Ѓинѓиќ, говорат дека се пукало од сосема друго место, а не од она за кое се тврди дека е локацијата од која стрелал припадникот на Црвените беретки Звездан Јовановиќ. ­ Токму затоа, бидејќи тој факт беше сосема очигледен, судот не дозволи реконструкција на атентатот иако се работи за убиство на премиер, смета Легија.
­ Исказот од истрага за кој се тврди дека е даден од осудениот Звездан Јовановиќ не е негов, туку истиот го пишувал истражителот Родољуб Миловиќ, а Јовановиќ само го потпишал затоа што нешто му е ветено по уцена врз него, па и шефот на обезбедувањето на премиерот Милан Веруовиќ изјави на суд дека првиот смртоносен куршум е испукан од друга локација, и дека има три а не два истрели, потенција Легија. ­
 Ѓинѓиќ не е убиен од пушката за која судот твдри дека е употребена за тоа, дури ни нивните вештаци од Визбаден тоа не го потврдуваат. Пукано е со снајпер од голем калибар, а секој во оваа работа знае дека со таков снајпер во таква акција се пука десетина пати, а не само еден куршум.
Според Легија зад убиството на Ѓинѓиќ стојат британските разузнавачки служби, а во српската власт имале свој човек за соработка, тогашниот министер за внатрешни работи Душан Михајловиќ. Сите извештаи од истрагата министерот Михајловиќ ги доставувал преку британската амбасада до нивните разузнавачи, и соработувал со нив за време на целиот процес.
При апсењето на Душан Спасојевиќ ­ Шиптар и Миле Луковиќ ­ Кум, лидерите на Земунскиот клан, тие се убиени иако јавноста уште од првите моменти смета дека обид за апсење и немало туку намери за ликвидација за да не постои сведочење.

 
 
Кај убиените Спасојевиќ и Луковиќ, според Легија, е најдена торба со 3,5 милиони евра кои се одземенеи, а според записниците тие пари се однесени во торба во канцеларијата на министерот Душан Михајловиќ и подлени меѓу него и неговите соработници.
Легија, наводно, се криел над година дена по атентатот, а потоа сам се предал на полицијата по повик да го стори тоа. ­
– По атентатот, веќе од 14 март 2003 па се до 2 мај наредната 2004 година кога се предадов, не се криев туку престојував дома, вели Легија. Ноќта кога беше предавањето во мојата куќа беа Александар Тијаниќ (новинар, директор на РТС), Раде Булатовиќ (шеф на Државната безбедност), Горан Радосављевиќ Гури (полициски генерал) и Драган Јочиќ, подоцнежен министер за внатрешни работи од Социјалистичката партија. ­
– Што зборувавме и што преговаравме не е засега за јавност, открива Легија, но што се однесува до ветеното за мое мирно предавање нешто е потоа остварено, а нешто не е. Но, секогаш е така кога се договарате со политичарите, вели Легија.
Легија зборува и за деновите кога ја сменил страната, и од близок соработник на Милошевиќ преминал во тимот на Зоран Ѓинќиќ.
 
Легија вели дека се било театар. Американците ветиле голема награда за апсење на Милошевиќ, и за да се земат парите како извршители на апсењето се пријавиле припадниците на Земунскиот клан, раскажува Легија. Тој е упасен од полицајците но, ако тоа така се пријавело, немало да се земат пет милиони долари награда од САД која била исплатена во 2002 година, а парите ги поделиле неколкумина од државниот врв, тврди Легија.
Легија тврди дека 5. октомври 2000­та не е никаков спонтан општонароден собир и протест, туку организиран државен удар. На прашањето зошто полицијата, особено тој и неговите специјалани единици, не преземале ништо државниот удар да се спречи, Легија одговара дека тогаш веќе било доцна, работата била претходно завршена.
 
Легија во тоа интервју зборува и кримогената структура на власта на Ѓинѓиќ, во што предничел Чеда Јовановиќ, вклучително и оргии со дрога и проститутки. По превратот се очекувале ветените големи пари од Западот кои никогаш не дошле, а Ѓинѓиќ и министерот за внатрешни работи почнале со обезбедување црни пари преку поддршка за Земунскиот клан на Спасојевиќ кој шверцувал кокаин, а кога во Франција биле откриени низ оперативната акција Султан, властите на Ѓинѓиќ во Србија ги сокриле од француски прогон, тврди Легија.
Поврзаноста на политиката преку Зоран Ѓинѓиќ со подземјето преку Земунскиот клан и специјалната полиција преку ЈСО и Легија ­ е клучот на успехот на превратот во Србија, а Легија таа релација ја потврдува.
Во ноќта кога е апсен Милошевиќ на 1 април 2001 тој бил дел од полициските единици, 32 припадници на ЈСО по наредба биле облечени во цивилна облека и со фантомки за да личат на криминалци од Земунскиот клан. Од куќата на Милошевиќ притоа се пукало врз полициските оперативци при што еден куршум го погодил и него, и го ранил. – И денес ја чувам јакната која е пробиена од куршум при апсењето на Милошевиќ, вели Легија.
Интересно, и Легија и Милошевиќ се предале откако со нив посредници претходно имале разговори и преговори.
Во двата случаи, а кај Милошевиќ и директно, во прегодорите учествува еден од првите соработници на Зоран Ѓинќиќ – Чеда Јовановиќ, предводник на демонстрациите против Милошевиќ и на Отпор (Канвас), за кого многумина па и Легија тврдат дека е наркоман и дел од нарко подземјето кој преку политиката и американската заштита се збогатил, не одговарал за ништо, и ден­денес е политички активен преку неговата Либерална партија и кандидат за коалиционен партнер во владата на Вучиќ.
И Милошевиќ и Легија биле изиграни во преговорите, по предавањето им се случиле најтешките казни кои би ги добиле и без никакви преговори.
Легија е во затвор веќе дванаесет години. Никој не може да разбере како се договорил мирно да се предаде, да преговара и договара нешто со властите околу тоа, а потоа да биде осуден на 40 години затвор за учество во атентатот на Ѓинѓиќ. Каде е тука договорот ако добил максимална казна, и згора на тоа уште неколку такви казни за други дела.
Според неговите изјави деновите во затвор ги минува најмногу во читање, ги посочува книгите на Салман, Ружди, Гинтер Грас, Амос Оз…
За време на неговата робија Легија објавил четири книги: „Железен ров“, „Легионар“, „Деца од Бразил“ и „Јуда: Љубов за пријателите“.
Интервјуто на Легија е читанка за заинтересираните како изгледа политиката на овие простори, особено со власт која е добиена на улица, со менаџирање од странски амбасадори и разузнавачки служби, виртуелен невладин сектор и подземјето.

Извор: Старт.мкМилорад Улемек Легија (48) е од оние профили на луѓе на кои оружјето, пресметките, војувањето и силата им се вродени, дел од карактерот, а не само

Пронајдете не на следниве мрежи: