200 илјади луѓе од 140 земји се наредиле во ред да добијат карти во еден правец за летот на Марс, кој е планиран за 2023 година. Тие се согласуваат да останат на Црвената планета до крајот на својот живот и да станат херои на телевизиските реалити програми.
За оние кои се спремни да го жртвуваат својот живот поради сосема нејасна цел, и во целина поради неславна смрт на една мртва планета, секако дека ќе постојат одредени прашања.
Но многу повеќе прашања ќе има за организаторите кои кажуваат дека живот на Марс нема, а да се создаде за толку краток период е навистина невозможно- пишува Гласот на Русија.
Научниците во ист глас говорат за тоа дека колонизацијата на Марс за сега е невозможна. Таму нема атмосфера која му одговара на човекот.
Еден од соработниците на експерименталниот сеизмички проект СЕИС за космичката експедиција на Марс од Лабараторијата за изработување на ракетни и млазни мотори во Паседина, Калифорнија, Давид Мимун изразил големо чудење во интервјуто за Гласот на Русија поради толкавиот број на заинтересирани кои би ја напуштиле засекогаш Земјата.
Подготвеноста да се прими ваков предизвик и да се започне нов живот истражувајќи го непознатото, сепак е за пофалба.
Дури и ако бидат создадени вештачки услови за преживување, на Марс е опасно за живеење.
Силата на гравитација на Марс е еднаква отприлика една третина од гравитацијата на Земјата. Ако човекот долго седи во услови на помала гравитација, неговите коски ке ослабнат. Можете да скокате повеќе, но коските ќе ви бидат послаби.
Ако на Марс се роди дете, може да има проблем со неговиот развој.
Се тоа, се повеќе личи на експеримент, не толку во освојување на Марс, туку повеќе на психолошки и физички експеримент на луѓето.
А можеби, што е и уште полошо се работи за создавање на профит, се разбира на Земјата.
Посебно се ужасни психолошките проблеми. Ако во секојдневниот живот можат да се користат роботи, одвоеноста од семејството, пријателите и Земјата можат да влијаат на големи промени на личноста.
Наивност, самоубиство и комерција- такви се симптомите на овој проект- смета академикот на Руската Академија на космонаути- Циолковски Александар Железњаков.
„Сметам дека повеќето од нив уште не се свесни што им понудиле. Тие се тоа го гледаат како некоја игра, не сфаќаат дека ако овој проект се реализира, во што многу се сомневам, тие ќе полетаат во сигурна смрт“.
Правата колонизација на Марс е можна откако ќе бидат пронајдени супер брзи начини на движење во просторот- уверен е главниот уредник на листа на Новости на космонаутиката, Игор Марињин.
Марс неможе да ги колонизира земјаните во наредните 50-70 години од проста причина бидејчи немаме средства да префрлиме било какви материјали. Со современите мотори тоа е многу скапо и многу долго.
Оваа точка на гледиште ја подржува и академикот Железњаков. Научникот е уверен дека Марс може да се колонизира за многу векови. Првата наушно- истражувачка експедиција може да се случи најрано во 2035 година, смета тој. Дури кога луѓето ги проучат условите за живеење на Марс може да се говори за преселување. Фактички огромен број на заинтересирани да се препуштат на нешто без размислување , да побегнат од проблемите на сите начини, е знак дека луѓето ја употребуваат дури и авантурата како единствен спас.Тие се согласуваат да останат на Црвената планета до крајот на својот живот и да станат херои на телевизиските реалити програми.
За оние ко