Во време кога мислиме дека прогресот не прави се подобри, научниците еден со друг се натпреваруваат да не убедат дека се деградираме интелектуално. Тие тврдат дека со секое ново столетие човештвото станува се помалку паметно и креативно. До овој заклучок дошле британските научници, откако ја анализирале брзината на реакцијата на луѓето кои живееле во Викторијанската ера, и нашите современици.
Според резултатите на истражувањето показателот на општиот интелект цврсто опаѓа. Во 1889 година стапката на реакциите на мажите била 183 милисекунди, до 2000 година овој показател се спуштил до 253 милисекунди. Истиот тренд се забележува и кај жените – брзината на перцепцијата кај понежниот пол опаднала од 188 до 261 милисекунди за истиот период.
Како што пишува The Telegraph, забавувањето на рефлексите истовремено покажува и намалување на коефициентот на интелигенција (IQ). Неговиот показател секоја деценија се намалува со 1,23 поени, а како целина од 1880 година тој е намален за 14 поени.
Научниците истакнуваат дека не се споредуваат директно нивото на IQ на претставниците на различни возрасти, бидејќи можностите на современите луѓе во образование, медицина и исхрана се неспоредливо подобри од оние на претходните генерации. Но, според нив високата брзина на реакцијата од Викторијанската ера значи дека тие биле повеќе креативни и инвентивни.
“Намалување на интелектот во скоро време може да ги забрза овие индикатори, со кои луѓето почнаа за време на природната селекција”, нагласува авторот на студијата д-р Мајкл Удли. Според него интелектот на современиот човек станува посиромашен поради природната селекција, бидејќи сега најпаметните раѓаат помалку деца во споредба со луѓето со пониско ниво на интелигенција.
“Ова е многу интересно истражување кое очигледно ја побива верзијата дека за последните три-четири генерации луѓето станаа попаметни”, вели докторот по психологија Џејмс Томпсон, цитиран од Daily Mail. Тој додава дека резултатите создале загриженост и потреба од понатамошни истражувања.Во време кога мислиме дека прогресот не прави се подобри, научниците еден со друг се натпреваруваат да не убедат дека се деградираме интелектуално.