Истражувањето на израелски археолог ја доведе под знак прашалник автентичноста на Библијата.Во првата книга на Библијата, која ја заинтригура израелската археологија постои дел за камили. Тие ги истражувале коските на овие животни и ја доведоа во прашање вистинитоста на Светото писмо-па според нив некои делови се измислени.
„Тогаш слугата зема со себе 10 камили, натоварени со сите видови на добра за својот господар. Се упати кон Аврам и го расчисти својот пат до градот Нахор. Ги натепа камилите да клекнат кај бунарот надвор од градот, тоа било попладне- кога жените одат по вода“.
Но, овие камили се измислени, сите 10. Археолозите користејќи радиометриско датирање врз основа на распадот на јаглеродот одредиле од кога потекнуваат најстарите коски на камили и утврдиле дека прв пат во Израел се доведени околу 9 век пред новата ера.
Истраражувачите ги испитувале древните наоѓалишта за производство на бакар. Резултатите биле дека и бакарот и камилите се донесени 10 векови подоцна од тоа што е споменато во Библијата. За животот на Аврам археолошки докази не постојат.
Разликите помеѓу скелетот на дивите и скротените камили се воочуваат по коските на нозете. Исто така може да се одреди и родот на камилите затоа што машките може да носат потежок терет.
Сите наводи јасно прикажуваат дека камилите не се припитомени никаде во регионот пред 1.000 години п.н.е.
Научниците сметаат дека ова откритие нема да биде шок за теолошката заедница и дека тие се упатени во оваа тематика. Односно имаат одлично познавање за фактите.
Во првата книга на Библијата, која ја заинтригура израелската археологија постои дел за камили. Тие ги истражувале коските на овие животни и