ШОКАНТНО ОТКРИТИЕ ОД СВЕТСКИОТ ВРВ: Како глобалната елита владее со светот? – 2 дел

Контроверзното откритие на Карен Худес ја разбранува американската, но и светската јавност. Вчера го напишавме првиот дел (види ЛИНК), а во продолжение можете да го прочитате вториот дел.Во интервјуто за News American, Карен го спомна истражувањето кое беше објавено во весникот Plos One, кое објави докази за постоење на мрежа за глобална контрола. Истражувањето е направено во Швајцарија, а мета на истражувањето биле поврзаноста и односите помеѓу 37 милиони компании и инвеститори ширум светот. На крајот е дојдено до шокантна бројка од 147 цврсто поврзани мега-корпорации кои владеат со светот и во моментов контролираат повеќе од 50% од светското богатство. Худес наведува дека медиумите константно ги прикажуваат овие корпорации како добронамерни, но всушност тие се главните виновници за „сето зло на овој свет“. Таа вели дека корпорациите не се сами во кражбата, туку дека овде доминираат и сите невладини организации.
ММФ, сите централни банки и Светската банка добиле задача да го контролираат целосниот проток на пари во светот и постепено да ги направат недостапни. Худес ја спомнува и врховната банка, која е скриена и обвиена под велот на тајната. Станува збор за Банка за меѓусебни порамнувања. Таа е централна банка на сите банки! Голем број од луѓето никогаш не слушнале за оваа банка, а таа е исклучително важна организација.

 
Худес вели: „Тоа е незимерно моќна меѓународна организација, која ги надгледува парите од целиот свет. Банката за меѓусебни порамнувања е со средиште во Базел, во Швајцарија и има свои филијали во Хонг Конг и Мексико Сити. Банката има потполен имунитет од оданочувањето. Таа е над сите закони и статути од овој свет и никој нема слушнато за неа. Оваа банка ги переше парите на нацистите за време на Втората светска војна, а нејзината цел денес е да го води и насочува централно планираниот глобален финансиски систем. Денес постојат 58 светски централни банки кои се под нејзина власт и таа има моќ да управува со светската економија. На секои два месеци, банкарите од целиот свет тајно се собираат во Базел, каде што се одржува глобален економски состанок. На тие состаноци се одлучува за судбината на секој човек, секоја жена, дете на оваа планета. И тоа никој никогаш нема да ви го каже! Банката за меѓусебни порамнувања е основана од страна на глобалната светска елита и дејствува во корист на истата, а наменета е за темелно уништување на економскиот систем“.
Худес порачува: „Луѓе освестете се, живеете во феудализам во кој се наоѓаат сите наши влади и компании, а вие самите сте робови на долговите. Овој систем е регулиран од страна на централните банки и Банката за меѓусебни порамнувања, со цел да го земе светското богатство кое се пренесува во рацете на елитата. Целта на системот е да оформи и модерно робовладетелско општество и да ги уништи луѓето.“
Луѓето не знаат дека тоа се случува. На пример, целата американска економија се наоѓа во рацете на шест глобални компании… цела Хрватска е корпорација која исто така е во сопственост на некоја друга посилна и помоќна корпорација, а обичните луѓе се вработени во тие корпорации кои сакаат систематски да го уништат човекот и сите вредности на оваа планета.
Во интервјуто за News American, Карен го спомна истражувањето кое беше објавено во весникот Plos One, кое објави докази за постоење на мрежа за гло

Пронајдете не на следниве мрежи: