Американскиот новинар Том Хартман го објаснува новиот заговор за уништување на Америка и дава свои предлози како тоа да се спречи.Американскиот новинар Том Хартман го објаснува новиот заговор за уништување на Америка и дава свои предлози како тоа да се спречи.
Како што пишува дописник на „Политика“ Вашингтон, Хартман тврди дека следната американска криза ќе се случи во 2016 година.
Зошто баш 2016, и што всушност ќе се случи?
„Пропаст во 2016“ всушност е наслов (со поднаслов: „Заговор да се уништи Америка и што можеме да направиме за да го спречиме тоа“) на новата книга на Том Хартман (62), кој може да се опише како типичен Американец.
Тој всушност сфатил дека се зависи од него: работел уште како средношколец, ги оставил настрана студиите за да може да стане претприемач, бил и психотарапевт, а денес е радио – водител со репутација најпопуларен меѓу оние кои се залагаат за либерални идеи (оние конзервативните до душа имаат бројна публика и добиваат поголем публицитет).
Неделно има 2.750.000 слушатели , а често некои свои идеи (како и неговите колеги ) ги преточува во облик на книга (досега објавил околу дваесетина ), а некои од нив достигнале и до референтната листа на најпродавани книги во “Њујорк тајмс”.
Најновата книга ја претстави во култната книжарница во Вашингтон „Politiks end prouz” (Политика и проза) , една од ретките кои ја преживеале дигиталната бура предизвикана од “Амазон”.
Меѓу сопствениците и корисниците на оваа книга е и американскиот претседател Барак Обама со ќерките , кои биле во оваа продавница неодамна и купиле Божиќни подароци.
По разговорот со авторот се открива дека апокалиптичниот наслов е само маркетинг провокација, но дека книгата навистина се занимава со големи и суштински проблеми на оваа земја.
– Работите во Америка изгледаат како да се под контрола, но само доколку не ги анализирате одблизу и не сфатете дека тоа е само позадина зад која не постои ништо – гласи дијагнозата на Хартман која се базира на разни симптоми, меѓу кои главна е онаа која вели дека темелите на кои израснала американската нација се нарушени.
Ова според него е резултат на процесот кој се случува во последните 30 години – почетокот го врзува со „револуцијата“ на Роналд Реган, кој прочуената реченица изговорена на својата прва инаугурација („Владата не е решение за нашите проблеми, владата е проблем“) почнува демонтажа на регулативите на економскиот систем создаден по „Големата депресија“ од триесетите години на минатиот век, на местото на „невидливата рака“ на слободниот пазар.
Се додека, приходите на запослените Американци го прателе порастот на продуктивности. Во врска со тоа, наведува прогноза магазинот Тајм од 1960 година : „Ќе се работи од 20 до 30 саати дневно а ќе се заработува во просек околу 80.000 годишно во денешни долари“ (сегашниот просек е околу 43.000).
Она што се случило во меѓувреме е дека продуктивноста продолжила да расте, но приходите на средната класа стагнирале, па реално и се намалувале. За да би го одржале стандардот , граѓаните почнале да се задолжуваат такашто се што поседуваат денес е земено со кредит „под хипотека“.
Луѓето денес не купуваат автомобили како некогаш, туку ги рентираат, ги земаат на лизинг, не купуваат куќи, туку ги позајмуваат од банките. Повеќето и студираат со помош на кредит, па вкупните денешни долгови се дури еден билион- илјада милијарди долари- кажува Хартман.
На другата страна, еден отсто од најбогатите зафати се веќе дел од националниот економскиот колач. Тоа стана можно „затоа што игравме фудбал без судија, без правила и без статива“- кажува Хартман. Во нашата економија воведовме правило дека кој има најмногу пари, тој ке одредува каде ќе се постави голот.
По него, во америчката историја револуциите се случуваат секои 7- до 80 години. Прва била „Војната за независност“ 1775-1783, другата „Граѓанската војна “1861-1865, третата „Големата депресија на триесеттите години на 20-ти век“, а најнова е „Големата Рецесија“ од 2008
Првиот пат се изборивме да од колонија станеме самостојна нација, вториот пат го сфативме ропството и започнавме индустриска револуција, а третата велика криза ја искористивме да после неа створиме најсилна средна класа која некогаш ја видел светот.
Четвртата најнова раскрсница е недовршен процес во кој сеуште не е извршена темелна реформа . Новиот пропаст, по овој автор ќе биде само продолжение на кризата од 2008 година. Тој не мора да дојде баш во 2016, може да се случи и порано, но претседателот Обама и неговата влада по секоја цена ќе настојуваат да го одложат додека не им истече мандатот, на сличен начин како што безуспешно се обиде да го извлече од кризата неговиот претходник Џорџ Буш.
Главните елементи на кризата се сеуште на сцена. Додека бевме на крајот на деведесеттите имавме пазар на финансиски „деривати“ од околу 80 милијарди долари, до 2008 тоа пораснало преку повеќе од 800 билиони, додека целокупниот планетарен бруто производбил само 65 билини, а Америка 15. Одма после кризата на финансискиот балон Волстрит намален е околу 400 билиони, но денес се врати измеѓу 700 и 800 билиони.
Во што е заверата?
Она што сега се случува веќе е видено во претходни кризи: во суштина, многу моќни и многу богати настојуваат да направат една олигархиска форма на владеење и во многу случаи во тоа успеале. Тоа е борба на богатите против сиромашните и оние од средната класа. Во оваа генерација предводници на таа војна се браќата Дејвид и Челс Кок, Шелдон Аделсон( најголем финансиер на Републиканската партија), но и други кои се помалку видливи-тврди тој.
Претходната година на Волстрит имаше десет луѓе кои имале приходи поголеми од две милијарди долари. Во претходниот век тајкуни беа Дипонтови, Морганови и Рокфелери, а денес тоа се нови имиња но во суштина иста група.
Имено, образложува Хартман, кризите погодуваат.
-Најголемите богатства во Америка во последните сто години се направени во текот на „Големата депресија“. Криза која секогаш носи големи шанси богатите да станат уште побогати- тврди тој.
Денес, вели тој е моделот за стекнување големо богатство е поинакво отколку некогаш. Најбогатите адреси веќе не се на Беверли Хилс, туку северно од Вашингтон, каде што живеат „автосервисерите“ на буџетот.
-Денес не само медиумите, туку и секој дел од значајната индустрија под контрола на најмногу пет компании. Поради се ова само уште една поголема економска криза може да направи политичка волја неопходна за фундаментални промени во нашиот економски и политички систем, за да оваа земја повторно стане функционална-заклучува Хартман.
На крајот на 40-минутното излагање тој е поздравен со аплауз. Читателите на неговата книга имаа многу прашања за него..Американскиот новинар Том Хартман го објаснува новиот заговор за уништување на Америка и дава свои предлози како тоа да се спречи.
Како што