„Соколите“ и официјално дел од АБА лигата

Одличните резултати  кои  КК „ Карпош Соколи“ ги постигна во првата македонска кошаркарска лига вродија со плод. И официјално од наредната сезона, кошаркарскиот клуб, кој доаѓа од Општина Карпош, ќе се натпреварува во реномираното регионално натпреварување Јадранската АБА лига.  Покрај КК „МЗТ  Скопје“,  КК „Карпош Соколи“,  ќе биде втората  екипа, која ќе ја брани честа на македонската кошарка во оваа регионална лига. Освен предизвикот АБА лига, „Соколите“ за прв пат ќе играат и во балканската БИБЛ лига.  По тој повод,  денеска  во кабинетот на градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, претставници на Јадранската АБА лига го официјализираа пристапувањето на КК  „Карпош Соколи“ во ова кошаркарско друштво. Како поранешен спортист, првиот човек на Општината Јакимовски, изрази големо задоволство, што токму клубот кој доаѓа од Карпош, ќе  се натпреварува со европски  кошаркарски величини, и ќе се бори за нови успеси. Претседателот на клубот Огнен Дедиќ, го потпиша договорот со кој  веќе формално и официјално, КК „Карпош Соколи,“ стана дел од еминентното кошаркарско натпреварување во нашиот регион.
 И официјално од наредната сезона, кошаркарскиот клуб, кој доаѓа од Општина Карпош, ќе се натпреварува во реномираното регионално натпрева

Пронајдете не на следниве мрежи: