Соларниот колектор на IBM може да стане најважен извор на електрична енергија

Тимот на IBM пред неколку недели го објави патентот HCPVT, со кој се засилува собирањето на соларна енергија за 2000 пати повеќе од вообичаеното.Замислете систем што го засилува собирањето на сончева енергија за 2000 пати, со пропратно создавање на чиста вода и регулирање на температурата на воздухот на оддалечени локации. И за да не личи дека овие работи се научна фантастика, оваа технологија веќе постои.
Ваквата во потполност е обновлива. Станува збор за новиот High Concentration Photo Voltaic Thermal (HCPVT) систем на IBM кој е толку напреден што воопшто не може да се спореди со досегашните соларни панели.

IBM успеа да создаде систем од соларни панели кои на себе имаат микро-системи за ладење. На тој начин, собраната енергијата може без никаков проблем да се концентрира за неколку илјади пати по квадратен сантиметар. Секоја единица од соларниот чип конвертира 200 до 250 вати енергија, што е одговара на 8 часа дневна светлина.
Експертите од IBM сметаат дека цената на квадратен метар од ваков тип на соларен панел би чинел 250 долари. Но, тоа не е сѐ: секој квадратен метар од овие соларни панели би создавал 30 до 40 литри чиста питка вода, доколку од еден панел би се добивала енергија од 2 киловати на час.Замислете систем што го засилува собирањето на сончева енергија за 2000 пати, со пропратно создавање на чиста вода и регулирање на температура

Пронајдете не на следниве мрежи: