Солени грицки – Фантастични переци!

Вкусни грицки перециСостојки:
За тесто:
300 гр остро брашно
500 гр меко брашно
40 гр свеж квасец
малку шеќер
1 лажичка со
200 мг топло млеко
300 мг топла вода
100 мл масло
За премачкување:
1 јајце
Солен прелив:
3 лажици меко брашно
1 лажица сол
по потреба ладна вода
Подготовката е на следната страна:

 
Во топлото млеко ставете 2 лажици од острото брашно, малку шеќер и пакетче квасец и почекајте 10 минути квасецот да надојде.
Помешајте го брашното со маслото и  додадете го квасецот па замесете тесто кое нема да се лепи за рацете, но не смее да биде тврдо. Добро измесете го на побрашнета површина барем 5 минути со додавање брашно ако е потребно. Покријте го тестото и оставете го на топло 30 минути да ја удвои количината.
Подгответе го солениот прелив. Помешајте сол и брашно о полека додавајте ладна вода со постојано мешање за да не се направат грутки. Густината треба да биде како тесто за палачинки.
Од скиснатото тесто кинете или сечете со нож мали топчиња и со прстите истенчете ги во долго стапче. Направете перече и редете ги на подмачкан плех со малку масло.
Оставете да киснат околу 10 минути додека рерната се загрее на 250 степени.
Пред да ги ставите во рерна переците премачкајте ги со изматено јајце. Печете додека не добијат благо жолта боја, извадете ги и ставете по нив солен прелив па вратете ги уште 2-3 минути убаво да се заруменат, а преливот да се исуши.
Уживајте во вкусот.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Состојки:
За тесто:
300 гр остро брашно
500 гр меко брашно
40 гр свеж квасец

Пронајдете не на следниве мрежи: