Вкусни мафини со зеленчук и кашкавал за секоја пригода. Карфиолот и морковот даваат посебен вкус, а воедно, не заборавајте дека се здрави намирници со многу витамини и минерали.
Потребни состојки:
2 зелени кромитчиња, 60 гр кашкавал, 2 чаши брашно, 3 стапчиња магдонос, 2 моркови, малку сварен карфиол , 1 лажиче сода, 30 мл. масло, 2 јајца ,200 гр јогурт
Начин на приготвување:
Исечкајте го младото кромитче и магдоносот и изрендајте го кашкавалот и морковот. Во сад изматете ги јајцата, додадете го маслото и јогуртот и сода бикарбона за да нарасне тестото за мафините кога ќе се печат. Потоа додадете го кромидот, магдоносот, морковот, карфиолот и кашкавалот. На крај го ставаме брашното. Промешајте со рака и истурете ја смесата во калапи за мафини. Печете во загреана рерна на 180 степени, околу 20 минути.
Предлог рецепт: чоколадни мафини со бел и црн крем
Вкусни мафини со зеленчук и кашкавал за секоја пригода. Карфиолот и морковот даваат посебен вкус, а воедно, не з