Момците во оваа скриена камера не ни претпоставувале што ги чека, кога типична русокоса со која излегле на состанок, ги повикала да се повозат во нејзиниот „форд мустанг“. Но, кој би ја одбил?Американската компанија „Форд“, ја искористи шансата да направи скриена камера и реклама во духот на романтичниот празник Денот на вљубените.
Форд ангажираше професионален возач. Оваа симпатична русокоса одлучи да излезе на состанок „на слепо“ во едно кафуле во Далас, Тексас, а потоа им понудила на мажите да се повозат со неа.
Интересно е тоа што на почетокот, оваа русокоса глуми дека не знае да вози, додека мажите се нудат да возат наместо неа или пак ѝ даваат упатства што треба да прави.
Но, вистинското шоу следи неколку минути подоцна…
Американската компанија „Форд“, ја искористи шансата да направи скриена камера и реклама во духот на романтичниот празник Денот на вљуб



