Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура-СОНК Јаким Неделков денеска на прес-конференција побара од министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски веднаш да ја повлече наредбата со која воспитувачите и негувателите во градинките треба да работат 40 часа неделно, односно осум часа дневно.Дописот по електронска пошта бил пратен до градинките на 21 ноември од Одделението за инспекциски надзор од дејноста заштита на децата кое е дел од МТСП. Неделков го нарече „скандалозен и навалиден документ“ зашто бил без архивски број, печат и потпис и рече дека е небулзно писмо од половина страница со кое се суспендирани Законот за детска заштита, Колективниот договор за детска заштита и Правилникот за стандардите и нормативите за вршење на дејноста на установите за деца.
Во законите е регулирано тие што имаат непосредна работа со деца да работат 35 часа (седум дневно) ако се негуватели, односно 30 часа (шест дневно) ако се воспитувачи. Административно-техничкиот персонал во градинките работи 40 часа.
– Ресорното министерство кое е надлежно за спроведување на законот, го крши законот и колективниот договор, а ги суспендира и надлежностите на општините. Министерката Фросина Ташевска-Ременски се става над законот и колективниот договор. Со тоа прави кривични дела за кои треба да одговара, рече Неделков на прес-конференцијата во присуство на членови на СОНК.
Со наредбата, рече Неделков, се барало од директорите на градинките да доставуваат електронски извештаи за дневно присуство на вработените или ќе биле парично казнети – и тие, и установата. Според него, тоа е заплашување и ја повика министерката да ја повлече наредбата. Во спротивно, како што рече, членството на СОНК ќе имало протест пред Министерството, а не било исклучено градинките да стапат во генерален штрајк.
Неделков ја повика Ременски и да го докаже тврдењето дека вработените во градинките оделе на партиски митинзи, јавно да одговори кои се тие вработени, од кои установи и на кои митинзи присуствувале. Таквата изјава на министерката, според него, е навреда и клевета за целата фела и побара таа да поднесе оставка доколку не ја докаже. Рече и дека во судска постапка Ременски треба да го докаже тврдењето дека СОНК влегол во политички води наместо да ги штити правата на работниците.
Тоа што СОНК потпишал меморандум за соработка со една политичка партија, рече Неделков, било затоа што од неа единствено добиле понуда за соработка. Обвинувањата би држеле ако СОНК одбил понуда од некоја друга партија, а други понуди немале, додаде претседателот на Синдикатот.
Покрај писмото до министерката Ременски со кое се бара итно повлекување на наредбата за ново работно време во градинките, за проблемот СОНК ја информирал и Владата и ќе се обрати до амбасади и до меѓународни синдикални организации.Дописот по електронска пошта бил пратен до градинките на 21 ноември од Одделението за инспекциски надзор од дејноста заштита на децата кое е дел од