Sony го објави моделот α7 II (ILCE-7M2), следниот во α7 серијата на модели со заменливи објективи и првиот фотоапарат во светот со сензор за целосна слика кој има оптички стабилизатор на слика со 5 оски.Лесниот и компактен фотоапарат нуди исклучителен квалитет на сликата, останувајќи доследен на традицијата на серијата α7. Сензорот за целосна слика од 35мм со 24.3 ефективни милиони точки, се движи помеѓу 5 оски за да го компензира тресењето, односно вибрациите на фотоапаратот, обезбедувајќи исклучителна стабилизација на сликата. Сега многу лесно може да направите фотографии и видеа, држејќи го во рака фотоапаратот во услови за кои претходно би ви бил потребен статив, дозволувајќи ви на тој начин поголема креативност и мобилност.
Сензорот за целосна слика се движи на 5 оски за да компензира за тресењето на фотоапаратот, вклучувајќи го и тресењето под агол што се случува при фотографирање со телефото објективи. Се компензира и тресењето при поместување, долж X и Y оската, што станува забележливо при макро фотографирање, како и ротационото тресење кое што ги опфаќа ноќните снимки или кога снимате видео. За фотографии, стабилизацијата е еквивалентна на 4.5 чекори побрза експозиција. Корисниците можат да ја искористат моќта на овој фотоапарат и оптичката стабилизација на слика со 5 оски со различни објективи.
Корисниците можат да ја искористат моќта на овој фотоапарат и оптичката стабилизација на слика со 5 оски. Стабилизацијата е идеална за најголем дел од αTM објективите, а истата е ефективна дури и во комбинација со објективи со Е-приклучок без Optical SteadyShot (OSS). Исто така, и за објективите со А-приклучок, тресењето на фотоапаратот се компензира долж 5 оски во куќиштето на фотоапаратот.
Стабилизацијата на сликата исто така може да ја видите и во реално време на ЛЦД екранот на фотоапаратот или во OLED визирот, кој дозволува подетално и попрецизно формирање на кадар и фокусирање дури и кога користите телефото или макро објективи.
Брз, прецизен автофокус
Моделот има автофокусен сензор кој на фокусна рамнина располага со 117-точки за фазна-детекција и 25 автофокусни точки со контрастна детекција сместени преку целата површина на екранот, овозможува одлично следење на автофокусот за да може јасно да фотографирате предмети во движење кои во друг случај би можеле да го избегнат фокусот.
Автофокусот е исклучително чувствителен и дури 30% побрз од претходните модели. Искористен е подобар и понапреден Sony алгоритам за предвидување на предмети во движење, кој што овозможува подобри перформанси за следење на предметите и предвидување на следното движење. Дополнително, автофокусот и автоматската експозиција продолжуваат со следење на предметот за време на континуирано фотографирање со голема брзина (до 5 кадри во секунда), така што во ниту еден момент не се пропушта ненадејното движење или израз на предметот. Подобрената способност за следење на предметот и неговото фотографирање се должат на напредок во технологијата за анализа на фотографијата со „заклучен автофокус“, карактеристика која што го оптимизира фокусирањето на предметот во согласност со неговата големина.
BIONZ X процесор на слика за супериорни детали, природни текстури и помалку шум на фотографиите
Брзото процесирање на сликата е овозможено од BIONZ X процесорот на слика кој ги подобрува сликите на неколку начини, преку „технологија на детална репродукција“, која што ги рекреира текстурите со природен изглед и повеќе детали, „технологија за намалување на прекршување на светлината,” којашто спречува да се изгубат детали и кога ќе се затвори блендата и „намалување на шум во одредени области,” што го намалува шумот и задржувајќи ги исклучителните детали и текстурата дури и во услови на слаба осветленост како што се ноќните и внатрешните снимки.
Снимање видео кое ги задоволува и професионалните потреби
Како дополнување на AVCHD Ver. 2.0, фотоапаратот снима во XAVC-S, кодек наменет за потрошувачите кој произлегува од професионалниот XAVC® формат. Овој кодек нуди извонреден квалитет на видеото во висока дефиниција со висок проток од 50 Mbps.
Профилите за слики вградени во фотоапаратот овозможуваат прилагодување на тонот на сликите во самиот апарат. Моделот α7 II исто така подржува S-Log2 гама функција, дизајнирана од Sony за снимање во висока дефиниција, којашто одржува динамичен опсег и користи широк S-Gamut режим. Другите карактеристики вклучуваат Time Code/User Bit (корисни при монтажи), Rec Control (за синхронизирано снимање со компатибилни екстерни рекордери), приказ/подесување на маркери, и двојно снимање на видео.
Подобрена корисност и сигурност
Формата на држачот и висината на фотоапаратот овозможуваат стабилност дури и кога се користат големи телефото објективи. Копчето за блендата е поголемо и поместено понапред, на позиција која што е поприродна и помага за намалување на тресење на фотоапаратот. Удобноста и погодноста за фотографирање беа приоритет во дизајнот на овој модел.
Вртливиот екран користи White MagicTM ЛЦД екран за исклучителна видливост дури и во услови на силна сончева светлина. XGA OLED Tru- Finder визирот со еквивалентна резолуција на 2.36 милиони точки и висок контраст, овозможува верна репродукција на прилагодување на подесувањата, фино фокусирање со користење на зголемен екран или peaking можностите, и бокех ефекти. Бидејќи фотоапаратот е целосно APS-C-компатибилен, се прикажува целата фотографија дури и кога се користат APS-C објективи.
Цврстата магнезиумска легура на горниот и предниот дел, како и внатрешната структура го прават фотоапаратот истовремено и лесен и цврст, додека робусната структура за приклучување лесно се справува со поголемите и потешки објективи. Големите копчиња се исто така запечатени за заштита од влага и прашина, додека испреплетената конструкција на капаците за медиумските картички и влезови со двојна обвивка на куќиштето обезбедува поголема отпорност на влага и прашина. Се на се, фотоапаратот е дизајниран за да можат фотографите слободно да го користат во најразлични ситуации без да се грижат за неговата безбедност.
Освен тоа, овој модел е до 40% побрз при вклучување од досегашните модели. За поголема поврзаност со мобилни уреди овозможени се Wi-Fi и NFC. Поддршката за PlayMemories Camera Apps му дозволуваат на фотоапаратот да еволуира, збогатувајќи ги опциите кои ги нуди.
За повеќе детали, посетете го www.playmemoriescameraapps.com/portal.
Моделот α7 II ќе биде достапен за продажба во Европа од Јануари 2015 година.
Лесниот и компактен фотоапарат нуди исклучителен квалитет на сликата, останувајќи доследен на традицијата на серијата α7. Сензорот за целосна