Сообраќајната инфраструктура е фактор за побезбеден сообраќај

Економската логика и истражувањата покажуваат дека инвестициите и вложувањата во современа сообраќајна инфраструктура којашто подразбира запазување на сите елементи за активна и пасивна безбедност на патот сериозно влијаат во намалувањето на трошоците и штетите коишто се предизвикани од сообраќајни незгоди, соопштуваат под РСБСП.Секој вложен денар во патната и сообраќајната инфраструктура има повеќекратен позитивен поврат и бенефит за државата и општеството во целина.
Во Република Македонија евидентен е инвестиционен циклус на изградба и реконструкција  на патната и сообраќајната инфраструктура. Во завршна фаза на  изградба се  новите автопатишта,  а изградени се или во фаза на изградба се повеќе експресни патишта а во тек е и процес на градење,  поправка и осовременување на повеќе регионални и локални патишта.
Актуелната состојба со патиштата во Република Македонија опфаќа патна мрежа од над 260 км автопатишта, 540 км меѓународни Е-патишта, 910 км магистрални патишта, 3.780 км регионални патиштат и 9.500 км локални патишта.
Капиталните инвестиции во патната инфраструктура во Република Македонија во последните години тежат повеќе од  милијарда евра.  Истовремено се градат  три автопати: Демир Капија – Смоквица, Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид. Автопатот кон Охрид е во должина од 57 километри а автопатот  кон Источна Македонија е со должина од 47 километри. Годинава се очекува да финишира изградбата на делницата Демир Капија – Смоквица со што комплетно ќе се заврши  Коридорот 10.
Во исто време, се врши рехабилитација и обнова на повеќе делници на Коридорот 10. Се опфати потегот од Смоквица до Гевгелија, Неготино – Демир Капија, Куманово – Скопје, ќе се работи и во обратен правец, а ќе се санираат и делниците Велес – Градско и Демир Капија  Неготино. Претходно беа  рехабилитирани делниците од Катланово до Велес и од Велес до Катланово, а завршени се активностите  за санација на сите мостови на  Коридорот 10  и завршени се активностите со осветлувањето на сите тунели.
Експресен пат со  четири коловозни ленти, е дел од проектот наречен експресен пат Штип –  Кочани кој исто така е во почетна фаза на конструкција.
Експресниот пат од Велес до Штип е речи си готов, веќе се гради експресниот пат  што ќе ги поврзува Градско – Росоман – Дреново – Прилеп, делница во должина од 33,5 километри а ќе се  градат експресните патишта од Штип до Радовиш,  од Ранковце до Крива Паланка.   Годинава треба да се распише и тендерот за изградба на клучниот експресен пат за развој на туризмот во земјава,  делницата од Охрид до Пештани.
Во тек се подготвителни активности за изградба на уште три нови автопати. Првиот е проектиран од Гостивар до Кичево во должина од 42 километри, вториот автопат е од Скопје до Блаце во должина од 13 километри и третиот автопат е на потегот Требеништа – Струга во должина од 8,5 километри.
Со завршувањето на автопатските делници ќе се создаваат услови за побезбеден, побрз и поефикасен транспорт на стоки и на услуги, што ќе придонесе за дополнителен економски раст и развој на Република Македонија.
Од  Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата потенцираат дека големите инвестиции и вложувањата кои се прават  во патната и сообраќајната инфраструктура значително ќе влијаат  кон намалување на бројот на настрадани лица на патиштата во Република Македонија. Од таму истакнуваат дека бенефитите од новите вложување ќе се почуствуваат кога   целиот инвестициски процес целосно  ќе се заврши и ќе се заокружи  а со тоа ќе се создат и предуслови Република Македонија да  го достигне нивото на безбедност на патниот сообраќај  на напредните земји членки на Европската унија.

Европскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ( ETSC) постојано укажува дека  вложувањето во патната и сообраќајната инфраструктура  без разлика дали е тоа на локално ниво или станува збор за регионални и магистрални патишта или автопати треба да биде континуиран и непрекинат процес и притоа истовремено укажувајки дека  покрај вложувањето и инвестициите за изградба на патна  и сообраќајната инфраструктура, многу важен сегмент претставува и нејзиното квалитетно и постојано одржување. За таа цел Република Македонија неопходно е покрај процесот на инвистирање, кој е евидентен, неопходно е  да ги засили капацитетите кон креирање на ефикасен систем во управување со патната и сообраќајната инфраструктура.Секој вложен денар во патната и сообраќајната инфраструктура има повеќекратен позитивен поврат и бенефит за државата и општеството во целина.

Пронајдете не на следниве мрежи: