Сообраќајно-едукативен проект денес се одвиваше во општина Кисела Вода. Пораки за возачите за подигнување на свесноста и на безбедноста во сообраќајот упатија основците од ООУ „Кирил Пејчиновиќ“.Тие, заедно со своите родители, наставници и директорот на училиштето, претставници од општината, СВР Скопје, ПСОН Кисела Вода, на крстосницата пред нивното училиште изложија хамери со пораки за возачите кои сообраќаат во овој правец.
Воедно, со претставниците од СВР Скопје, од ПСОН Кисела Вода, учениците дискутираа околу сообраќајните правила и прописи. Ваквите активости кои месецов ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ ќе ги спроведува секој петок се дел од традиционалната едукативна кампања за учениците од училиштата на територија на општина Кисела Вода.
Истата е насловена „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ иницирана од МВР, РСБСП, МОН и други партнери кои во соработка со локалната самоуправа спроведуваат низа на активности.
Една од активностите ќе биде и проектот „Едукативен автобус”, кој преку организирано едукативно возење со посено брендиран автобус ќе ги запознае учениците од второ, трето и четврто одделение од основните училишта во општина Кисела Вода со сообраќајната инфраструктура , соораќајните правила и прописи.Тие, заедно со своите родители, наставници и директорот на училиштето, претставници од општината, СВР Скопје, ПСОН Кисела Вода, на крстосницата пре