Сообраќајот на патиштата се одвива во зимски услови по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива тековно во зимски услови по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на екипите на Македонија патСлаб снег провејува на планинскиот превој Буково, а намалена видливост поради појава на магла од 100-120 метри има на планинскиот превој Плетвар.
Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар е укината во 10:00 часот.
Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово–Дебар-Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и приспособување на брзината  спрема условите на патот.
Дежурните екипи на Македонија пат се на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Слаб снег провејува на планинскиот превој Буково, а намалена видливост поради појава на магла од 100-120 метри има на планинскиот превој Плетвар.

Пронајдете не на следниве мрежи: