Соопштение од Општина Кисела Вода во врска со несреќниот случај во селото Драчево

Претставници од општина Кисела Вода заедно со градоначалникот на општина Кисела Вода, излегоа на местото на несреќниот случај кој денес се случи во селото Драчево и во кој настрадаа повеќе лица.Додека се очекуваат резултатите од официјалната истрага на надлежните институции за пожарот кој уследи по двете експлозии во семејната куќа во ова село, градоначалникот на општина Кисела Вода изрази сочувство и жалење за настанатата ситуација, истакна дека ја следи здравствената состојба на повредените, посакувајќи им што поскоро да закрепнат.
Воедно, апелираше до сите жители на општината, од сите месни заедници, да ја покажат својата хуманост и да излезат со првична помош во храна и облека за семејствата на настраданите.
Информираше дека ќе поднесе барање до Советот на општина Кисела Вода, за веќе на следната седница на Советот да може на овие семејства да им биде одобрена парична помош од страна на општината.Додека се очекуваат резултатите од официјалната истрага на надлежните институции за пожарот кој уследи по двете експлозии во семејната куќа во ова

Пронајдете не на следниве мрежи: