СДСМ како криминалец се враќа на местото на злосторот. Така и Фросина Ременски денес била во дебарскиот крај, онаму каде што камен на камен не оставиле во времето кога беа на власт.Ременски е експерт за скандали и грубо партизирање на министерството за Труд и социјална политика каде претседателката на партиската комисија на СДСМ ја претвори во главен цензор на сите вработени во министерството. Ременски требало на граѓаните да им објасни како во рок од еден месец прво таа стана министерска, а потоа и нејзиниот сопруг спротивно на закон беше унапреден во МВР. Потоа Ременски да им објасни на граѓаните како успеа за само неколку месеци откако стана министерка да предизвика целосен хаос во МТСП и да ги блокира и кочи сите проекти кои се во интерес на граѓаните, ги остави вработените, корисниците со инвалидност сместени во институциите за згрижување и целосниот движен и недвижен имот на МТСП без осигуривање. Тоа е истата Фросина Ременски која именуваше раководители на општински центри спротивно на законот, а притоа, деградираше и незаконски разреши 15 професионалци во институциите под нејзина надлежност. Граѓаните можеа на дело да се уверат во лицемерието и неспособноста на кадрите на СДСМ. Овие луѓе не се компететни и способни да водат еден ниту еден ресор, а видовме дека се подготвени својата неукост да ја покриваат со лажење и манипулирање на граѓаните.
Тоа не им помиинува повеќе. Впрочем тоа се гледа од бледите посети кои ги прават на општинските организации, а потоа мораат да ги прикажуваат како средби со граѓаните. Јавноста веќе добро ги научи нивните маалски финти. Истите кутри членови на СДСМ еден ден мораат да се престават како социјални случаи, друг пат како земјоделци, трет пат како административци, во зависност кој функционер од СДСМ дошол да ги посети.
На Фросина Ременски и е јасно дека изборите се ближат, а со тоа и крајот на нивните манипулации и лаги. На 24 април СДСМ ќе изгуби јубилејно по 10 пат и нејзиниот лидер Зоран Заев не само што нема да стане премиер, туку поради својата нечесна и недомаќинска работа прашање е дали ќе биде и градоначалник на општината која ја претвори во лична сопственот.Ременски е експерт за скандали и грубо партизирање на министерството за Труд и социјална политика каде претседателката на партиската комисија