Сопартиецот на Заев Чаушот редовно контактирал со Соња Верушевска

Сопартиецот на Зоран Заев, Захир Бекири Чауш имал телефонски разговори со број кој е регистриран на име на Соња Верушевски, сопруга на Зоран Верушевски прво обвинет во аферата „Пуч“.Оттука, легитимно се поставува прашањето, каква улога имал сопартиецот на Зоран Заев, Чаушот во целиот процес на објавување на незаконски стекнатите прислушувани материјали.
Лидерот на СДСМ јавно призна дека Чауш е член на СДСМ и дека редовно го примал во својата канцеларија бидејќи како што изјави Заев, бил подготвен да соработува со секој кој може да придонесе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ, без разлика на неговото криминално минато. Фабриката за афери на СДСМ е еден од најголемите скандали во македонската историја, особено ако се има предвид дека во него е вмешан лидерот на опозициската СДСМ но и Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој доаѓа исто така од оваа партија. Токму Спасовски и Заев биле првите луѓе со кои осомничените во Фабриката за афери контактирале кога полицијата тропнала на нивната врата, пишува порталот.
Во нивната „фабрика за афери“ сопартијците на Заев и Спасовски чувале 70.000 прислушувани разговори со кои се тргувало со криминални структури во земјата но и во регионот.
Покрај тоа, истрагата докажа дека тие штампале фалц пасоши и лични карти за потребите на весникот Фокус кој потоа ги објавувал во наводни афери со цел да се нанесе штета на владејачката партија.
Пронајдени беа и 120.000 украдени лични идентитети на македонските граѓани но и избирачки списоци од општина Центар, во чие јавно претпријатие е вработена сопругата на Чауш. Паркинзи општина Центар важи за партиска фирма на СДСМ каде се вработуваат партиските кадри и оние кои придонесуваат за партијата. Не се знае врз основа на кој критериум таму е вработена сопругата на сопартиецот на Заев, Чауш но се отвора сериозен простор за сомнеж дека вработувањето дошло како награда за неговото учество во криминалните активности за кои се сомничи раководството на партијата.
Контактот на сопртиецот на Заев Чаушот со Соња Верушевски на целиот скандал му дава нова димензија.
Случајот,  станува особено интересен ако се знае дека сопругот на Соња, Зоран Верушевски кој е прво обвинет во „Пуч“ неодамна беше ослободен благодарение на Катица Јанева која 5 дена бега од одговори пред граѓаните, дали и колку незаконски прислушувани разговори и предал лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Јанева согласно законот има обврска да изготви записник при примањето на 6те картонски кутии и хард дискот, но овој документ иако е јавен, се крие како најголема тајна во Специјалното обвинителство, што отвора простор за сомнеж за улогата на Јанева во целиот процес.Оттука, легитимно се поставува прашањето, каква улога имал сопартиецот на Зоран Заев, Чаушот во целиот процес на објавување на незаконски стекнатит

Пронајдете не на следниве мрежи: