Сопругата на Нил Армстронг пронашла вистинско богатство кое нејзиниот сопруг го криел 40 години

Помеѓу останатото, торбата содржи камера од 16 милиметри со леќи од 10 милиметри, со која низ прозорецот на лунарниот модул беше забележано историското спуштање на мисијата „Аполо 11“, на површината на Месечината и поставувањето на американското знаме.Вдовицата на Нил Армстронг, првиот човек кој чекорел на Месечината, неодамна пронајде торба со опрема која нејзиниот сопруг ја користел за време на својата мисија Аполо 11.
Г-ѓа Армстронг веднаш остварила контакт со Националниот музеј за астронаутика и вселенски истражувања на Институтот „Смитсонијан“, кому предметите му ги дала на позајмување. Кустосот на музејот Ален Нидел, собра тим експерти кои внимателно ја прелистале документацијата и ги прегледале снимките од тој период и ја потврдиле автентичноста на пронајдените предмети.
Зошто првиот човек кој чекорел по Месечината повеќе од 40 години не ги спомнал предметите кои ги чувал во плакарот во својот стан во Охајо – никогаш нема да дознаеме.
Ова се предметите кои се пронајдени во торбата на Нил:
Мекдивит торбичка

Кабли за осветлување, напојување и пренос на податоци од камерата

Мрежичка

Рачно менгеме

Уред за оптичко нагодување – COAS

Сигурносно јаже кое се користи при излегување во вселената

Каиш од кацига

Камера

Камера монтирана на кабел за напојување и пренос на податоци

Огледало од полиран метал

Клуч за итни случаи

Капак од одвод за отпадоци
Вдовицата на Нил Армстронг, првиот човек кој чекорел на Месечината, неодамна пронајде торба со опрема која нејзиниот сопруг ја користел за време на

Пронајдете не на следниве мрежи: