Исповед на 24- годишна жена за нејзниот несреќен брак…Личноста за која се омажив имав чувство дека ја знам цел живот. Бевме со години во врска и изгледаше дека е тоа – тоа. Дека иднината да бидеме заедно ни е загарантирана.
Не само иднината туку се сложувавме во се. Секогаш имапе договор меѓу нас за се. Ништо не криевме еден од друг и секогаш за се разговаравме. После 5 години врска, решивме да се венчаме. Односно, тој ме запроси, а јас кажав „да“. Знаевеме дека тоа следува. Договорот беше после свадбата да се преселиме кај неговите бидејќи имаа мала куќа до нивната куќа, па да ни биде покомотно, иако беа блиску, но тоа ни беше единствена можност во тој момент. И да имаме некоја своја приватност. Ма, се беше одлично.
Поминаа неколку месеци од бракот и морам да признаам дека тој се промени и почна поинаку да се однесува. Не знаев што му е. Мислев дека се ова му е ново и дека му треба време да се прилагоди, но ништо не се менуваше. Оставив се и си реков ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Треба време, јас и понатаму си го продолжив животот како и претхотно. Имав 24 години. Сакав уште малку да се забавувам со пријателките, да излезам и на кафе и сл. За деца има време.
Но, всушност за мојот сопруг изгледа немало време…
Тој сакаше деца одма, а тоа го криел од мене. И така еден ден пукна и ми плесна се во лице. Сфатив дека тоа цело време го мачело цело време, но сега пукна. Беше одвратно. Можевме за тоа убаво да разговараме. Но тоа анајверојатно било како некоја задача, да ме ожени и смести дома и јас да му раѓам деца, готвам, перам, пеглам…Тоа е се она што јас не го планирав за своите 24 години. Кома.
Се дереше од петни жили за тоа како не ми било срам толку да се дружам и да се шетам со другарките по кафиња како мажена жена. Се дереше дека треба да се сместам дома и да ги извршувам задачите кои се наменети за жени. Дека немало никогаш дома ручек, а и кога имало бил одвратен, и кажа ако не ги исполнувам овие работи веднаш да си одам од неговата куќа. Значи тој човек кој го познавав долго и кој толку многу го сакав се промени за миг.
После тоа го оставив и си отидов, но никогаш не дознав, ниту пак ме интересираше подоцна, дали сите овие години планирал и трпел, или едноставно во тој момент се пукна во него. И јас замислував брак со деца како семејство, но ми требаше време. Односно тоа се требаше да оди чекор по чекор. И не беше само тоа проблем, туку тој негов настап ме доведе до тоа да го замразам. Се падна во вода па така и нашиот брак.
Сега сум сама и најголем проблем ми е тоа кого ли ќе успеам да засакам после ова, и на кој ќе можам да му верувам.Личноста за која се омажив имав чувство дека ја знам цел живот. Бевме со години во врска и изгледаше дека е тоа – тоа. Дека иднината да бидем



