Саше Ивановски-Политико призна дека Сорос ја финансира левицата, но и медиумите блиски до неа. Експресно реагираше Владе Милчин, сакајќи да си одбрани од нешто кое на јавноста одамна и беше јасно.Целта на колумната на Саше на својот портал Мактел, всушност беше јавен повик до СДСМ да се дистанцира од Сорос, наведувајќи дека фондацијата само и носи штета на партијата.
Според она што тој го пишува, Сорос финансира десетици интернет портали, кои ја промовираат политиката на СДСМ.
-Парадоксално можеби звучи, но Сорос фондацијата со своите инаку суперкорисни општествени активности му прави глема штета на СДСМ затоа што партијата во моменти на криза и беспарица премногу се доближи до овој елитистички интелектуален клуб кој ја има ознаката подржано од Сорос. Дури тоа доближување некогаш е и фатаморгана затоа што останаа само медиуми кои се подржани од Сорос па политичари на СДСМ одат само таму на интервјуа речиси никаде на друго место не ги викаат и одеднаш се случи уште поголемо зближување во очите на народот меѓу СДСМ и Сорос. И самите оние конференции трибини и настани кои ги прави Сорос беа речиси единствен организиран медиумски критичен напад кон талибанците а често на дебатите и трибините иммаше и преставници на СДСМ па со тоа воочите на јавноста се стопи СДСМ со Сорос, напиша тој.
Ивановски повика СДСМ освен од Сорос, да се дистанцира и од останатиот невладин сектор кој е поврзан со фондацијата на Милчин.
-Тој процес мора да се врати назад и СДСМ мора да се дистанцира од Сорос фондацијата и целиот гломазен НВО сектор поврзан со Сорос затоа што за разлика од СДСМ, Сорос НВО секторот не оди на избори како евалуирање на своите активности туку оди кај странските донатори кои имаат други идеаи како треба да се делува и работи. СДСМ за разлика од нив мора да оди на избори и таму е редовно масакрирана од гласачите затоа што тие немаат доволо познавања и интелект за да ги разберат комолицираните предлози тези и стојалипта на левата либерална соросова елита со која го поистоветува СДСМ. Од друга страна СДСМ е заложник на Сорос и новинарите финансирани од Сорос затоа што Сорос ги плаќа. Па така СДСМ не смее да мрдне надвор од трасата која му ја одредува Милчин и ГЕМ инаку ќе биде нападнат или пак ќе изостане подршката на десетиците портали и медиуми кои се платени од Сорос, напиша Политико во својата колумна.
Милчин: Саше е курир на кујните на Бихаќка
Дали тоа Саше се прејал отровни печурки, па халуцинира за десетици портали и медиуми платени од Фондацијата отворено општество-Македонија или се работи за минхаузеновска склоност за лажење без мерка? Или пак се работи само за одмаздољубивост и завист?
Вака, со навреди, Владе Милчин му возврати на Ивановски.
-Ме прашуваат зошто сум му обраќал внимание на Саше Политико. Мојот одговор гласи: Зашто е курир, пренесува туѓи пораки. И не е првиот таков продукт на кујните во некогашната „Бихаќка“. Приказната е веќе скиселена. Најпрвин, јас и Геро сме го уривале Црвенковски, потоа, јас и Геро сме ги уривале Заев и Шеќеринска, за да стигне до тврдењето дека Сорос и НВО секторот се виновни за поразите на СДСМ зашто СДСМ работел по диктат на Милчин и ГЕМ. Утешение грешним! Десните популисти врескаат дека Сорос, медиумите и НВО секторот му служат на СДСМ, а сега тупаницата на левиот популизам се провикна дека СДСМ му служи на Сорос и НВО секторот! Како што тргнале, нема да ме зачуди ако наскоро се здружат против „левата либерална соросова елита“. Какво задоволство ќе ѝ приредат на политичката чаршија, пишува Милчин.
Ваквата панична реакција на Милчин е сосема јасна, со оглед на фактот што тој со години се обидува да ја замајува јавноста и да претставува дека се дистанцира од опозициските портали.
Продолжува раздорот меѓу промовирачите на политиките на СДСМ. По битката меѓу Ивановски и Героски, сега и Милчин се препукува на тема опозиција.
Останува отворено прашањето, дали несогласувањата меѓу нив се дејство од раздорот меѓу политичарите на Бихаќка, па сега секој во медиумите ја брани својата екипа од СДСМ.
Извор:kurir.mkЦелта на колумната на Саше на својот портал Мактел, всушност беше јавен повик до СДСМ да се дистанцира од Сорос, навед