Тој статус на протекторат, на диригирана држава не доаѓа од надвор, туку доаѓа од нас самите. Финансирањето од надвор се однесува не само на медиуми, туку и на невладини организации, на граѓански здруженија за кои имам повеќе индикации. Мислам дека тој наш таканаречен граѓански сектор е всушност под влијание и контролиран од странски извори, вели екс дипломатот и универзитетски професор Димитар Мирчев во интервју за Сител.-Во неколку прилики поставив прашања од каде се финансирате вие колеги, од чланарината. „Епа не, од проекти од странски извори“. Значи кога има странски извори сигурно дека даваат и некои директиви на што да работат, до што да дојдат како заклучок и слично. Јас сум многу критичен и кон тие граѓански здруженија или невладини организации кои немаат никакво членство, ќе се соберат 5-6 луѓе, ќе се регистрираат, имаат право според Уставот се разбира. Но, излегуваат во име на граѓанскиот сектор, а тие не се граѓански сектор, вели професорот Мирчев.
Тој додава дека за граѓански здруженија ги признава само оние кои живеат од својата чланарина и членство, додека сите останати, како што вели не се класични граѓански организации.
-Тие ниту имаат право и мандат да излегуваат во име на граѓанството, додава Мирчев.-Во неколку прилики поставив прашања од каде се финансирате вие колеги, од чланарината. „Епа не, од проекти од странски извори“. Значи