СОС ЗА СЕКОЕ ЈАДЕЊЕ да биде повкусно…Бел сос со магдонос и кромид

Бел сос со магдонос и кромидСостојки:
1 кромид
2 лажици сецкан лист од магдонос
2- 3 лажици брашно
2 лажици вегета
Прстофат бибер
Прстофат шеќер
300 мл вода
2 полни лажици кисела павлака
Малку масло
Подготовка:
Кромидот исецкајте го на ситно, може и да го изрендате, па пропржете го на масло. Тргнете го од оган па додадете го брашното, промешајте, додадете малку вода и назад на оган, па мешајте само малку да го запржите брапшното. На тоа го додавате магдоносот и зачините, ја ставате остатокот вода и постојано мешате со некоја маталка од која брашното нема да се згрутчува, готвиме додека не се згусне.
Во зависност од вкусот, може да биде и поретко, за кога ќе го прелеете преку месото или компирите, но за да не се разлева премногу подобро е да е погусто. На крајот, тргаме од оган и ја додаваме павлаката.
Нормално е дека поздраво е да се готви со густин, па може и така, наместо брашно, разматете го густинот со малку ладна вода и прелијте врз пропржениот кромид,а останатата постапка понатаму е иста. Вреди да се проба.
Добар апетит!Состојки:
1 кромид
2 лажици сецкан лист од магдонос
2- 3 лажици брашно
2 лажици вегета
Прс

Пронајдете не на следниве мрежи: