Состанок на кризниот штаб во општина Гази Баба

Поради земјотресите кои го зафатија подрачјето на град Скопје градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски одржа итен состанок со  кризниот штаб во проширен состав, на кој се разгледуваше состојбата во сите населени места.Се известуваат сите граѓани од подрачјето на Гази Баба во случај на посериозно нарушување на стабилноста на станбените објекти да пријават на телефонскиот број 195 на Центарот за управување со кризи, со кој општината ќе биде во постојан контакт и соодветно добиените насоки и препораки од Републичкиот кризен штаб во координација со ИЗИС ќе се превземат соодветни активности.
Преку целата ноќ во сите месни и урбани заедници и во просториите на општината ќе има дежурни служби кои ќе ја следат состојбата и ќе бидат во координација со ЦУК. 
Дежурниот телефонски број на општина Гази Баба е 02 3226655. Се известуваат сите граѓани од подрачјето на Гази Баба во случај на посериозно нарушување на стабилноста на станбените објекти да пријават на телеф

Пронајдете не на следниве мрежи: