Состојбата на службениот Мерцедесот уште една потврда за тоа како СДСМ се грижи за државниот имот

Состојбата во која се наоѓа блиндираниот службен Мердецес кој се користи како главно возило за високи гости-странски делегации при нивната посета на Република Македонија, а кои се обезбедуваат со прв и втор степен на безбедносни мерки на обезбедување, предизвика лавина реакции во јавноста, но и на социјалните мрежи. Фактите говорат дека владиното мнозинство кое го води Министерството за внатрешни работи скоро цела година е задолжено за службеното возило и нивна е одговорноста за состојбата во која што се наоѓа Мерцедесот.
 Така, наместо министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да даде задача на некој службеник кој го одржува возниот ред да го измие Мерцедесот, а Спасовски да работи во насока за сузбивање на криминалот и чувување на населението, поранешниот гененерален секретар на СДСМ вчера покажуваше неизмиен Мерцедес пред камери се во функција на неверојатната пропаганда на СДСМ која има за цел јавноста да ја отргне од размислување за ветените 500 евра просечна плата, туку да се занимава со тоа кои државни автомобили се измиени или не.
Службениот мерцедес С-класа со регистарски ознаки СК 2936 АЦ (задолжен во МВР на РМ), Одделот за заштита на определени личности и објекти го има користено како главно возило за високи гости-странски делегации при нивната посета на Република Македонија, а кои се обезбедуваат со прв и втор степен на безбедносни мерки на обезбедување (претседатели на држави, премиери на влади, заменици претседатели, заменици претседатели на влади, министри, и др.).
Меѓу гостите кои досега го користеа Мерцедесот се :

Делегација – комесарот на ЕУ за проширување, Штефан Филе 17.9.2012 година;
Делегација – претседателот на Република Србија, Томислав Николиќ 26-28.10.2012 година;
Делегација – премиерот на Република Србија, Ивица Дачиќ 22-28.1.2013 година;
Делегација – претседателот на Република Словенија, Борут Пахор 16-17.7.2013 година;
Делегација – претседателот на Република Хрватска, Иво Јосиповиќ 4-5.9.2013 година;
Делегација – претседателот на Република Полска, Бранислав Комодовски 10-11.9.2013 година;
Делегација – заменик-претседателот на СР Виетнам, Нгуан Ти Доан 1-3.12.2013 година;
Делегација – премиерот на Република Унгарија, Виктор Орбан 5.12.2013 година;
Делегација – премиерот на Република Србија, Ивица Дачиќ 26.1.2014 година;
Делегација – министерот за надворешни работи на Република Грција и претседавач на ЕУ, Евангелос Венизелос 19-20.2.2014 година;
Делегација – генералниот секретар на НАТО, Андреас Фог Расмусен 22.5.2014 година;
Делегација – претседателот на Собранието на Канада, Ендру Шер 31.8.-3.9.2014 година;
Делегација – премиерот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ 9.9.2014 година;
Делегација – премиерот на Република Турција, Ахмет Давутоглу 22-23.12.2014 година.

При посетата на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на почетокот од февруари годинава било користено друго службено возило Мерцедес што само ја потврдува негрижата на СДСМ кон државниот имот.

Извори од МВР дополнително велат дека Мерцедесот пред доаѓањето на Оливер Спасовски во 2015-та бил редовно сервисиран и чуван во одлична состојба. Има поминати 10.000 километри.
 Така, наместо министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да даде задача на некој службеник кој го одржува возниот ред да го измие Мерцеде

Пронајдете не на следниве мрежи: