Состојбата во СДСМ е се поочајна и поочајна.Оливeр Спасовски, човекот кој се смешкаше и правеше селфи на местото кај што гинеа македонските бранители во Диво Насеље, зборува за достоинството на полицијата. Зоран Заев, човекот кој во својата најавена индустриска зона во Сачево нема ни еден камен преместено, дојде на ред да говори за инвестиции. Сега и Максим Димитриевски говори за армијата, а СДСМ токму неодамна го блокираше осовременувањето на армијата и поефтиниот станбен квадрат за припадници на армијата.
Очигледно е дека една политичка партија како СДСМ која е очајна за власт, континуирано сака да прави штета на една од најпочитуваните институции, Армијата на Република Македонија и со тоа да го нарушува угледот кој Армијата го има кај сите граѓани на Република Македонија.
СДСМ бесрамно продолжува со дискредитирање на припадниците на АРМ кои својата работа да си ја вршат на најпрофесионален начин. За информација на СДСМ, во изминатиот период континуирано се работи на подобрување не само на условите и подигнување на стандардот на припадниците на АРМ и нивните семејства, туку и на модернизирање на борбено техничката опремата која ја користат и која и ќе ја користат во иднина.
Токму тоа СДСМ се обиде да го блокира. Но, како и секогаш досега, нема да успее во своите деструктивни сценарија.
Сите преземени активности минатата година во однос на подобрување на сите елементи во Армијата ќе ги видиме оваа година, според предвидениот план. Сите кои знаат барем малку за Армијата знаат и дека процесите на модернизација и подобрување на стандардот се подолги, но затоа ефектот ќе го увидат и војниците, и подофицерите, и офицерите и цивилни лица.
Димитриевски и СДСМ се против осовременување на Армијата и ги користат воените лица само во своите манипулативни конструкции. Затоа СДСМ беше, е и ќе остане опозиција и по 5-ти јуни.Оливeр Спасовски, човекот кој се смешкаше и правеше селфи на местото кај што гинеа македонските бранители во Диво Насеље, зборува за достоинст