Долгорочните структурни промени во образованието треба да се темелат на одредени стретегии. Стратегиите се состојат од утврдување на долгорочни цели и начини на кои на кои се настојува целите да се постигнат. Најважни долгорочни цели на образованието во развиените земји се унапредување на главните димензии на националниот развој; развојот на човечкиот ресурс: политичкиот, културниот и еколошкиот развој, а сето тоа во насока на подобрување на квалитетот на животот. Најважниот начин на остварување на националните цели на образованието се состои од примена на концептот на доживотното учење и развој во современотот општество. Тоа се концепти кои се разработени во 70-80 години од минатиот век во меѓународните организации кои се занимаваат со образовната политика (УНЕСКО, ОЕЦД, ИЛО, Советот на Европа и Европската комисија), а во 90-те години се актуелизираат поради брзите општествени, технолошки и структурни промени во општествата и потребата од квалитетен кадар.
Современата доктрина на самообразование или како што денес се нарекува доживотно учење (lifelong learning) ги опфаќа и поврзува сите облици на организирано и неорганизирано (спонтано или природно) образование. Современото образование се состои од поврзување на сите облици на учење и признавање на нивните резултати низ одредени сертификати. Бидејќи образованието може да се стекне преку различни начини на учење, потребно е истите да бидат оптимално комбинирани. Тоа се постигнува со самоуправувано учење (selfdirected learning), кое не е нов облик на учење, туку се состои во тоа поединецот сам да одлучува кои облици на организирано учење ќе ги вклучи во текот на своето образование и на кој начин ќе ги комбинира. Со самоуправуваното учење се вмрежуваат формалното и неформалното образование и така се подобрува нивната синергичност. Оспособеноста за ваквото образование е вештина која се стекнува во текот на задолжителното образование при што образовните институции го спроведуваат и развиваат во понатамочното образование. Овие факти се особено важни за праксата на воспитувачите, бидејќи во најголема мера треба да се примени концепцијата на доживотното образование т.е учење во текот на целиот работен век со комбинирање на различни облици на учење.
Доживотното учење и континуираниот професионален развој се главни механизми кои го поттикнуваат личниот раст и развој и спречуваат стагнација и рутина во животот на човекот. Во текот на 90-те години од минатиот век, образовната политика на ЕУ го истакнува концептот за доживотно учење како еден од клучните инструменти на успешно соочување со општествените промени.
Ова ни укажува дека до квалитетно образование може да се стигне само со зголемување на квалитетот на луѓето и квалитетот на професијата за која се тие ангажирани, а тоа се постигнува со доживотното учење. Доживотното учење подразбира:
Стекнување и осовременување на сите видови способности, интереси, знаења и квалификации од предучилишната возраст. Потенцирање на развојот на знаењата и способностите кои ќе овозможат прилагодување на општеството и активно учество во сите сфери на општествениот и економскиот живот, така што на тој начин може да се влијае на сопствената иднина.
Уважување на сите облици на учење: формално образование (пр. во училиште или на факултет), неформално образование (пр. усовршување на вештини потребни за одредено работно место) и информално образование, меѓугенерациско (размена на знаења во семејството, меѓу пријателите). Заседанието на Европскиот парламент, одржано во Лисабон 2000 година означува пресврт на понатамошното делување на Европската унија. Заклучоците донесени на тоа заседание потврдуваат дека унапредувањето и професионалниот развој се нужни за успешна транзиција на општествата која ќе биде базирана на знаењето. Учењето во текот на целиот живот не е само облик на образование, туку мора да стане водечки елемент во контекст на усвојување на знаењата. Постојат шест пораки на Европскиот парламент кои нудат структурна рамка за примена на доживотното учење во пракса:
Гарантирање на потполн и константен пристап на учењето поради стекнување и обновување на вештини потребни за учество во општеството базирано на знаење;
Зголемување на инвестициите во човечки ресурси како најголемо богатство во Европа-нејзините граѓани;
Развивање на делотворни методи на учење и поучување и услови за постигнување на континуитет во доживотното (life-long) и општото (wide) учење;
Подобрување на начините на разбирање и вреднување, како и имплементирање на добиените резултати во процесот на образование, кои посебно се однесуваат на неформалното и информалното образование;
Обезбедување на едноставен пристап на квалитетни информации поврзани со стекнување на образованието во цела Европа и во текот на целиот живот; Давање можност доживотното учење да е поблиски до граѓаните со помош на ИКТ (информациско-комуникациската технологија).
Европската унија преку оваа структурна рамка се стреми да создаде напредно општество на знаење и квалитет. Доколку се поттикне професионалниот развој помеѓу едукативните кадри и институциите за обука ќе бидеме сведоци на одржливиот развој на предучилишното воспитание и образование.
На 19 септември 2003 година Република Македонија стана рамноправен член на европското семејство, на земји кои се обврзуваат да ги следат и реализираат препораките од Болоњскиот процес и заедничката определба за креирање на единствен европски простор на високото образование Структурата на иницијалното образование на воспитувачите навидум е јасно дефинирана, но сепак преовладува традиционалното сфаќање за соодносот на неговите компоненти и предоминација изразена со идејата дека идниот воспитувач мора да ја познава својата област темелно. Оваа идеја воопшто не е спорна, доколку грижата за идниот воспитувач ја содржи и компонентата за негова оспособеност своето темелно знаење да го стекне на студиите и неговата ефикасност.
Високото образование се соочува и со обврските за сопствено структурно, организациско и програмско дизајнирање, кое настојува да биде транспарентно, компатибилно и препознатливо на европскиот пазар на академски услуги. Ваквата нова состојба значи доследно почитување на зацртаните одредби поставени во Болоњската декларација и нивно имплементирање.
Воспитувачот мора да биде подготвен и способен за доживотно учење и континуирано усовршување, ако сака да одговори на барањата кои се актуелизираат во академското подрачје. Програмите за иницијалната обука на воспитувачите треба да се динамични, променливи и во постојан развој. Во секоја земја треба да се спроведат соодветни политички мерки со цел промовирање на доживотното учење како национална стратегија.
Обуката на воспитувачот е фазен, долгорочен и перманентен процес, додека универзитетското образование е само првата фаза во подготвувањето за неговата идна улога. Современите стандарди за ефикасно и ефективно работење на воспитно-образовните институции ја наметнаа потребата за имплементирање и институционализирање на систем за иницијална обука (Pre-servis Education for Teachers) и систем за професионално усоврчување (In-servis Educatiot for Teachers) на вработените во воспитно-образовните институции. Според националната програма за развој на образованието во Република Македонија 2005-2015 год., професионалниот развој и усовршувањето на воспитувачот е задолжително, но исто така се смета и како негов личен избор, вграден во системот на кариерен развој и од него се очекува да внесе иновации во својата работа.
Како надградба на формалното образование се поставува активното продолжение на учењето, односно професионалното усовршување кое е неопходно во развојот на воспитувачите во детските градинки. Професионалниот развој предвидува и бара измена во базичната универзитетска основа на обука на воспитувачите, соработка со различни институции за да се постигне развојот на воспитувачот во неговата кариера, бидејќи само иницијалното образование не може да биде супститут за квалитет на луѓето кои ја одбираат оваа професија. Детските градинки во РМ треба да ги прошират своите хоризонти и да започнат една нова ера на напредно и современо предучилишно воспитание и образование. менувањето на улогата на воспитувачот од пасивен трансмитер на информации во “мислечки практичар” и “критички професионалец”, кој постојано ги надоградува своите искуства, во улога на активен субјект, поставува нова цел, односно планирање на професионалниот развој и унапредување на квалитетот. Доживотното учење е еден вид “втора шанса” за унапредување на основните вештини и нуди можност да се учи на понапредни нивоа. Сето ова значи дека формалниот начин мора да стане поотворен и пофлексибилен, така што можнстите за доживотно учење би биле поставени спрема потребите на потенцијалните професионалци.
Подигнувањето на квалитетот на работата, особено квалитетот на воспитно-образовниот процес и неговото следење императивно ги поставува новите насоки во кои треба да се движи креирањето на образовната политика во нашата земја. Во таа смисла, сите педагошки кадри се наоѓаат во центарот на современите настојувања за подобрување на квалитетот и подигнување на ефикасноста на педагошката работа. Притоа, барањата кои произлегуваат од местото и улогата на воспитувачот во преден план ја истакнуваат неговата квалификуваност, т.е оспособеност за почитување, познавање и аплицирање на современите сознанија од сферата на воспитно-образовната теорија и практика. Со оглед на фактот дека формалното сертификатно образование тешко може да ја следи динамиката на новите потреби и промени, како и со оглед на брзото застарување на сознанијата (стекнати за време на формалното школување) очигледна е потребата од нова архитектура на системот на професионално усовршување на воспитувачите
Едно од клучните прашања е создавањето квалификациски структури и системи кои се флексибилни и сеопфатни без да го жртвуваат квалитетот и кои им овозможуваат на сите воспитувачи да напредуваат од едно ниво кон друго. Целта треба да биде квалификациска рамка која ги интегрира не само разните насоки и нивоа на општото образование и учење, туку и оние од стручото образование и обука. Може да се каже дека квалификациската структура е скелетот врз кој се надоградува стратегијата за доживотно учење.
Новата парадигма која ја нудат најважните документи во кои е формулирана оваа образовна политика, ја вклучува и претпоставката за одговорноста на менаџментот да го овозможи континуиранот професионален развој, но исто така и обврската и правото на воспитувачот за доживотно учење. Клучни документи за оваа проблематика се: ЕС публикација Teaching and learning: towards learning society (Учење и подучување: према општеството кое учи) (1995), т.е OECD-ова декларација од 1998 год. Life long learning for all (Доживотно учење за сите), кои се темел за развој на образовната политика во ЕУ. Во 2000 год., ЕУ доследно ја истакнува важноста на доживотното учење во повеќе документи: Лисабонска декларација (2000), ЕУ EU (Memorandum on lifelong learning) Меморандум за доживотно учење (2000), Making a European area of lifelong learning a reality (Создавање европски простор на доживотното учење) (2001) и Resolution of Council of Europe on lifelong learning (Резолуција на европското заседание за доживотно учење од 2002).
Во извештајот на Европската комисија за идните цели на образовниот систем и стратегиите за нивно постигнување е наведено дека образованието мора да придонесе за развој на поединецот, а тоа треба да се постигне со стратегијата на доживотно учење кое треба да ја надмине традиционалната поделба меѓу различните делови на формалното и неформалното образование. Во меморандумот на Европската комисија за доживотно учење се истакнува потребата од итна промена на концепцијата на доживотно учење и се објаснува зошто тоа станува врвен приоритет на Европската унија. Постојат одредени разлики кои треба да се истакнат со цел да се направи разлика помеѓу доживотното образование и доживотното учење. Концептот на доживотно образование (lifelong education) вклучувајќи го информалното учење прераснува во концепт на доживотно учење (lifelong learning). Доживотното учење на Европските граѓани им ја олеснува мобилноста и овозможува постигнување на целите и аспирациите на Европската Унија, да стане попросперитетна, конкурентна, толерантна и демократска. Европските земји се обидуваат да обезбедат простор доживотно учење да го направат реалност, нагласувајќи дека тоа е еден од водечките принципи на образованието и обуката.
Европа веќе долго време ја реализира својата идеја “Нова Европа”, “Европа на иднината”, но доживотното учење сè уште е далеку од тоа да биде реалност за сите, а се јавуваат знаци на проширување на јазот во користењето на можностите за учење меѓу оние со ниски вештини и оние со повисоко образование, помеѓу помладите и постарите возрасни групи. Затоа потребно е да се преземат сериозни мерки за целосно имплементирање на нови форми на професионален развој на воспитувачкиот кадар.Студијата Green paper on teacher education in Europe TNTEE, 2000 (Зелен документ за образованието во Европа), образованието на воспитувачот го гледа како отворен и динамичен дел кој е поврзан со различните подрачја на општествениот живот, кој е поврзан со професионалниот развој, едукациски иновации и истражувања. Континуираното професионално усовршување е едно од круцијалните проблеми со кои се соочува и нашата држава. Најважна функција на стручното образование на воспитувачот е неговото насочување кон перманентно професионално-педагошко усовршување, менување на самиот себе заради решавање на сите сложени креативни задачи во педагочката работа. Кога се говори за подобрување на квалитетот на воспитувачот треба да се истакне дека не се мисли само на нивното иницијално образование, туку од перспектива на концептот на доживотно учење како нивно трајно професионално усовршување. Оттука се потврдува неговата актуелност, значајност и нужност за имплементирање во образовната стратегија на секое современо општество. Тоа значи дека предучилишното воспитание и образование добиваат една нова европска димензија која дава јасна перспектива за професионалното усовршување на воспитувачите и доживотното учење како образовна стратегија.Стратегиите се состојат од утврдување на долгорочни цели и начини на кои на кои се настојува целите да се постигнат. Н
Пронајдете не на следниве мрежи: