Како дел од проектот „100 тениски игралишта“ денеска во дворот на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ започнаа градежните активности на новото тениско игралиште, во присуство на директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, Андон Дончевски, најпознатиот македонски фудбалски работник, градоначалникот Марјан Ристески и пред голем број на граѓани, вработени и средношколци.„Како Агенција за млади и спорт, ние во еден партнерски однос со локалната самоуправа ќе продолжиме да ги поддржуваме добрите иницијативи за подобрување на условите за спорт, инфраструктурата и генерално, условите за живот во Република Македонија“, посочи директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.
Градоначалникот Марјан Ристески упати голема благодарност до Агенцијата за млади и спорт кои се финанисери на ова игралиште. Локалната самоуправа и Владата посветуваат големо внимание на развојот на спортот и на спортските активности, а така ќе остане и понатаму“.
Со изградбата на тениското игралиште младите ќе добијат уште еден терен за спорт и рекреација. Средствата за изградбата на тениското игралиште се обезбедени од Агенцијата за млади и спорт и дел од Буџетот на општина Прилеп.
Во архитектурата на проектот се опфатени поставување на т.н. тврда подлога за надворешни услови по стандарди на Македонската тениска асоцијација, со сертификат на Интернационалната тениска асоцијација-ИТФ. Теренот ќе биде опремен со стандардна тениска опрема и заграден со пластифицирана мрежа во висина од 3,4 м. Исто така на четирите агли ќе бидат поставени челични столбови за осветлување на теренот за вечерна употреба.
Досега во СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ беше инвестирано во дворното место, оградата, новите подови, реконструкција на спортската сала, ново мултинаменско игралиште, а со реализацијата на овој проект, општина Прилеп ќе го добие и второто тениско игралиште.„Како Агенција за млади и спорт, ние во еден партнерски однос со локалната самоуправа ќе продолжиме да ги поддржуваме добрите иницијативи за