Совети како да изберете соодветен клима уред

Употребата на клима уреди се повеќе е неопходност, особено за семејствата чијшто што членови се мали деца или пак повозрасни луѓе. Климатизацијата е потребна а дури се смета и за здрав начин за разладување на животниот и работниот простор. Клима уредите освен што имаат улога да ја постигнат совршената температура во просторот, тие во исто време ја намалуваат и влажноста на воздухот која што е подеднакво непријатна како и горештината.Најважно од сé при купувањето клима уред е соодветниот избор што ќе ги исполнува карактеристиките и потребите прилагодени на домот или работниот простор. „Квадратурата на просторијата е основната појдовна точка на која што треба да се обрне особено внимание.
Подеднакво важни параметри на кои што треба да се внимава се и термичката изолација на просторот, површината што ја опфаќаат прозорите, ориентацијата на просторот спрема страните на светот, но и функционалноста на истиот. Во однос на економичноста на уредот треба да се внимава на неговите функции како што се тајмерот, типот на уредот (обичен или инвертер) и енергетската класа. Доколку просторот за којшто е наменет клима уредот, сакате покрај ладење во лето, да го греете во зима, тогаш се препорачува климатизер со инвертер систем. И за крај, многу е важна пост-продажната поддршка, изразена преку гарантниот рок, брзата и уредна монтажа, обезбедениот сервис и резервните делови“, вели Дејан Стојановски, одговорно лице за обука во Техномаркет.
Класата на енергетската ефикасност кај клима уредите е всушност потврда за квалитетот на уредот врз основа на неговата енергетска ефикасност, при што климатизерите преку потрошената енергија се делат на седум класи на енергетска ефикасност, идентификувани со букви од A до G (групата А ја сочинуваат енергетски најефикасните апарати). „Енергетската класа е всушност потрошувачката на електрична енергија на клима уредот и е важен фактор при избор на истиот. Тука ќе посочам еден пример за економичност: просечна потрошувачка на еден клима уред е од 1 до 1,5 kw/h,во зависност од модот на работа (ладење или греење), при што добиваме двојна моќност – ефикасност, во однос на потрошувачката“ – вели Стојановски. Кога се избира местото за поставување на клима уредот, треба да се води грижа за оддалеченоста помеѓу внатрешната и надворешната единица. „Пожелно е таа оддалеченост да биде што е можно помала, затоа што на тој начин се подобрува ефикасноста на самиотж уред, а може во голема мера и да се заштеди на трошоците околу монтажата. Освен тоа, внатрешната единица треба да биде што е можно поблиску до извор на електрична енергија и насочена да не дува директно во присутните во просторијата“ дополнува Стојановски.
Редовното одржување на клима уредите, во никој случај не смее да се изостави, затоа што е од големо значење за исправноста и правилното функционирање на уредот, но и за здравјето на корисниците. Сервисирањето на клима уредот треба да го врши овластен сервисер и истото подразбира проверка и дополнување на фреон, како и миење на внатрешната единица со дезинфекциско средство. Најдобар период за сервисирање на клима уредот е од март до јуни.
Покрај правилниот избор на разладниот уред и редовното сервисирање и чистење, подеднакво се важни и советите за употреба на клима уредите. „Температурната разлика помеѓу надворешниот и внатрешниот простор не смее да биде поголема од 5 до 6 степени, затоа што може да предизвика настинка и болки во зглобовите и мускулите. Треба да се избегнува и  директното струење на воздухот и честото влегување или излегување во климатизирани простории“, додава за крај Стојановски, одговорно лице за обука во Техномаркет. Најважно од сé при купувањето клима уред е соодветниот избор што ќе ги исполнува карактеристиките и пот

Пронајдете не на следниве мрежи: