Совети од Мајкл Кејн: За успешен брак, потребни ви се две бањи

Британскиот актер Мајкл Кејн тврди дека за успешен брак основно правило е да имате две бањи.Мајкл Кејн 81-годишниот актер, во едно интервју вели дека одделните бањи се вистинската работа за успешен брак, но и тоа мажот и жената да бидат „еднакви партнери во се“.
Кејн е во брак со својата втора сопруга, манекенката и актерка Шакира Кејн (42), а со неа има и 2 ќерки.
„Никогаш не смеете да ја делите бањата со својата сопруга, во спротивно ќе имате само мал брич и четка за заби, и никогаш нема да можете да влезете во него,“- објаснува актерот.
„Морате исто така да бидете еднакви партнери. Мојата жена и јас сме еднакви во се. Не постои мала жена омажена за голема филмска ѕвезда. Таа ја води целата работа, во која сме еднакви партнери. Надвор од фирмата таа извршува исто толку работи како и јас, што е многу важно,“ вели Кејн.

 
„И секаде ме следи каде и да одам. Бидејќи кога сте сами, стекнувате пријатели кои другиот не ги познава. И тогаш почнувате да водите паралелни животи. А како што учевме по геометрија, паралелните линии никогаш неможат да се вкрстат,“објаснува актерот.
Тој вели дека во животот сретнува многу убави жени.
„Ако како мене го поминувате денот со некои од најубавите жени на светот, подобро е за вас да имате убава жена и дома. А јас за среќа ја имам“.
Кејн на 1. Октомври во Ројал Алберт Холот во Лондон ќе ја прослави 50-годишнината од својата карира со добротворен концерт на кој ќе биде изведена музика од неговите најпознати филмови, а чиј приход ќе биде наменет на организација која им помага на децата.Мајкл Кејн 81-годишниот актер, во едно интервју вели дека одделните бањи се вистинската работа за успешен брак, но и тоа мажот и жената да бидат &b

Пронајдете не на следниве мрежи: